Home / Болести и лечење / Која храна избегнуваат да ја јадат кардиолозите?

Која храна избегнуваат да ја јадат кардиолозите?

Здравата исхрана треба да биде дел од нашето секојдневие, но освен тоа мора да се придржуваме и до здрав стил на живот, односно да вежбаме и повеќе да се движиме. Токму тоа е најчестиот совет на кардиолозите, докторите кои се задолжени за здравјето на срцето. Каков стил на живот водат тие? Пред сè не пушат, не пијат толку често алкохол и се трудат да избегнуваат одредени намирници. Кои се тие?

lecenje so hranaСекоја преработена или замрзната храна

– Овој вид на храна содржи хемикалии, адитиви и конзерванси, кои не се здрави. Свежата храна овозможува многу подобри хранливи состојки и има помалку калории. Преработените продукти често содржат и високо ниво на натриум, смета светски познатиот кардиолог д-р Кевин Кембел.

Газирани напитоци

– Ова се калорични пијалаци, кои немаат ниту малку хранливост. Што е пострашно е дека тие се главни предизвикувачи на дебелеењето, смета д-р Кембел.

Диеталните сокови пак се уште полоши од обичните газирани сокови.

Чипс

Ова е храна која е полна со калории, пржена е и има многу ниска нутритивна вредност. Исто така, чипсот придонесува до побрзо стареење.

Пржена храна
– Нема никаква причина некогаш да консумирате нешто пржено. Нема апсолутно никакви кардиоваскуларни бенефиции, смета кардиологот д-р Клајд Јенси.

Кога маслото и мастите се изложени на високи температури се создаваат слободни радикали. Токму тие создаваат воспаление во телото, го зголемуваат нивото на лошиот холестерол и ги запушуваат артериите.

Премногу алкохол

Досегашните студии покажале дека сосема е доволно да се пие по една чаша вино навечер, но не повеќе. Бидејќи ако се претера, алкохолот може да предизвика симптоми на аритмија, со што се зголемува ризикот од срцев удар за петпати. Исто така, претераното консумирање на алкохол го спречува црниот дроб да работи соодветно.

Кашкавал

Преголеми количини на кашкавал не се добри за вас бидејќи содржи многу калории.

– Во ред е да си дозволите пица понекогаш, но не секоја вечер, вели д-р Јенси.

Во просек, 30гр кашкавал содржи 6-9 грама масти.

Сувомеснати производи

Овие преработени сувомеснати производи содржат големи количини на натриум и масти. Мисиркината салама можеби нема толку масти, но содржи многу сол. Консумирањето на овој вид продукти предизвикува хипертензија и оштетување на крвните садови.

Конзервирана храна

– Сè што е во конзерва содржи високо ниво на натриум, бидејќи на тој начин се одржува храната. Секогаш избирајте свежи продукти, без разлика дали се органски или неоргански, вели д-р Фишмен, кој исто така е кардиолог во една американска клиника.

Слатки

Преработените шеќери се токсични за телото, особено ако се консумираат во големи количини. Предизвикуваат зголемување на инсулинот, со што доаѓа до зголемување на телесната тежина.

– Телото воопшто не сака многу шеќер, но мускулите, кои го користат за енергија, немаат место за каде да го сместат. Па затоа оние шеќери кои ќе останат, се претвораат во масни наслаги, вели д-р Фишмен.

Енергетски пијалаци

– Апсолутно не! Особено не, ако ги мешате со алкохол.

И алкохолот и енергетските пијалаци имаат многу калории и шеќер, а енергетските пак се сметаат и за легална дрога која предизвикува висок крвен притисок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top