Чај направен од ајдучка трева лекува испукани раце, осетливи брадавици кај доилки и сите видови на кожни осипи.
Чај направен од ајдучка трева лекува испукани раце, осетливи брадавици кај доилки и сите видови на кожни осипи. Топла купка од ајдучка трева и камилица ги смируваат нервите и помага да се намали непријатноста предизвикана од реума.
Чај за мирен сон од ајдучка трева направете така што во 2,5 дл. врела вода истурете 5 гр. ајдучка трева. Оставете го да стои десет минути, потоа исцедете и пијте по една чаша во вечерните часови, пред спиење.
За нега на рацете сварете чај од две лажици од листови и цветови на ајдучка трева. Гответе три минути во 3 дл. вода, а потоа со топлиот чај исплакнете ги рацете и чувствителни брадавици, кои често ги мачат доилките.
Облоги за рани
Свежо истолчени листови од ајдучка трева ставете ги како облога на рани кои се резултат на удари, убоди, исекотини…
Lokalno.mk