Home / Болести и лечење / Ова се скриени симптоми на полово преносливите болести

Ова се скриени симптоми на полово преносливите болести

Симптомите може да се јават без оглед на видот на половиот однос – вагинален, орален или анален и без оглед на користењето на кондом. Иако кондомите се ефикасни кај намалување на шансите за сексуално преносливи болести, ниту еден метод (освен апстиненција) не е 100% ефикасен. Тоа особено важи за одредени преносливи болести, како што се генитални брадавици и генитален херпес.

bradaviciСимптомите може да варираат од суптилни до очигледни. Ако мислите дека имате некои од нив, веднаш посетете лекар. Некои може лесно да се третираат и елиминираат, додека некои бараат долгорочно лекување.

Исто така доколку забележите некој од нив важно е да ги известите сите партнери, за да може и тие да се тестираат. Ако не се лекуваат, сексуално преносливите болести може да го зголемат ризикот од добивање на други болести како што е ХИВ.

Ова се некои од најчестите сексуално преносливи болести и нивните симптоми:

Хламидија

Бактериска инфекција на гениталниот тракт. Тешко се открива затоа што во раната фаза често има малку или воопшто нема знаци и симптоми. Кога ќе се појават, вообичаено почнуваат три недели по изложеноста на хламидија.

Знаци и симптоми

Болно мокрење
Болка во долниот дел од стомакот
Вагинален исцедок кај жените
Исцедок од пенисот
Болен полов однос кај жената
Болка во тестисите кај мажите

Гонореја

Бактериска инфекција на гениталниот тракт. Првите симптоми се јавуваат во рок од два до 10 дена од појавувањето. Меѓутоа, некои луѓе може да бидат заразени со месеци пред да се појават првите знаци и симптоми

Знаци и симптоми

Густ или крвав исцедок од пенисот и вагината
Болка или пецкање при мокрење
Често мокрење
Болка при половиот однос

Генитален херпес

Гениталниот херпес е многу заразен и предизвикан од типот херпес симплек вирусот HSV. HSV влегува во телото низ мали пукнатини во кожата и слузокожата. Повеќето луѓе со HSV никогаш не знаат дека го имаат, затоа што нема знаци и симптоми. Или пак може да бидат благи и да поминат незабележително. Кога се забележителни, првата епизода е генерално најлоша. Некои луѓе никогаш не ја искусиле втората епизода, а други луѓе, пак, може да доживуваат епизоди во период од повеќе децении.

Кога се присутни, симптомите може да вклучуваат

Мали, црвени испакнати меурчиња или отворени рани во гениталното, аналното или блиското подрачје

Болка и чешање околу гениталното подрачје, задникот или внатрешните страни на бутовите

Почетните симптоми се болка или чешање, на почетокот од неколку недели по заразување. По неколку дена може да се појават мали, црвени меурчиња. Тие пукаат и се претвораат во чиреви кои може да крварат. Кај жените раните може да се појават во вагиналното подрачје, на задникот, анусот, а кај мажите на пенисот, скротумот, задникот, бутовите или анусот.

Додека имате чирови мокрењето е болно. Во текот на почетните епизоди може да имате симптоми слични на грип, како главоболка, болки во мускулите и грозница, како и отечени лимфни јазли во препоните.

Генитални брадавици (HPV инфекција)

Предизвикани од Human papillomavirus HPV се една од најчестите видови на сексуално преносливи болести.

Знаци и симптоми

Мали, сиви отоци или во боја на кожа во гениталното подрачје
Неколку брадавици една до друга
Чешање и непријатност во генитлното подрачје
Крварење во текот на половиот однос

Често пати нема симптоми

Хепатитис

Хепатитис A, B или C се заразни инфекции кои влијаат на црниот дроб. Најсериозни се хепатитис B и C. Некои луѓе никогаш не развиваат знаци и симптоми. Но, за оние кај кои се јавуваат тоа се

Слабост
Мачнина и повраќање
Болка и непријатност во стомакот, особено во областа на црниот дроб, на десна страна под ребрата
Губење на апетитот
Темна мокрача
Треска
Чешање
Жолта кожа и белки на очите

Сифилис

Бактериска инфекција која влијае на гениталиите, кожата и слузокожата, но може да вклучи и други делови од телото вклучувајќи ги срцето и мозокот.

Знаци и симптоми

Четири фази: примарна (мал, безболен чир на дел на телото каде што е пренесена инфекцијата, вообичаено гениталиите, ректумот, јазикот или усните, зголемени лимфни јазли), секундарна (црвен или црвенкасто кафен осип, чирови на било кој дел од телото, трска, умор и непријатно чувство, болки), латентна и терцијарна (сериозно оштетување на внатрешните органи и смрт по неколку години од заразата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top