Кај лица кои страдаат од несоница се присутни промени во структурата на белата мозочна маса, покажува истражувањето спроведено во Кина.
Станува збор за абнормалности кои ги погодуваат ткивата клучни за формирање врски и пренос на информации меѓу различни делови на мозокот, појаснуваат научници од болницата во Гуангжу.
Погодените подрачја се вклучени во регулација на сонот и когнитивните способности.
Се проценува дека несоницата погодува до пет отсто од возрасните лица.
Новите наоди се темелат на податоците собрани од 53 испитаници, а објавени се во стручното списание „Radiology“.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes