Home / бабини рецепти / Направете сами маст за детска кашлица. Ефикасна е!

Направете сами маст за детска кашлица. Ефикасна е!

Ако вашето дете го мачи болно грло и кашлица во текот на целата зима, обавезно пробајте да ја направите оваа маст која прави чуда. Многу лесно се подготвува, содржи само две состојки, но е многу ефикасна. Многу битно е тоа што е безбедна за вашето дете, убаво мириса, а за нејзината подготовка треба да одвоите само дваесет минути.

svinska mastРЕЦЕПТ

Потребни се: 50 грама прополис, 50 милиграма сончогледово масло и сад за водена пареа. Во мал сад ставете го маслото и во него додајте го прополисот. Потоа префрлете во друг сад и топете ги состојките на водена пареа на тивок оган додека прополисот не омекне. А, тоа се случува многу брзо. Сето тоа се процедува и се префрла во тегла да се олади.

Со маста масирајте ги градите, грбот и нозете на децата, двапати дневно. Ако детето многу кашла, тогаш може да му давате две лажички од маста дневно, да проголта или растопете ја во топло млеко и дајте му на детето да пие.

МоеЗдравје.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top