Потребни состојки:
12 средни по големина чешниња лук и
½ литар црвено вино.
Подготовка:
чешнињата лук се лупат и се сечкаат на четвртинки. Се ставаат во тегла и се додава виното. Теглата убаво се затвора и се чува на сонце 2 недели со повремено промешување. После две недели течноста се процедува, лукот се фрла а виното се собира во стаклено шише.
Начин на употреба:
во рок од еден месец, три пати на ден се пие по една мала кафена лажичка. Откако ќе ја потрошите дозата, ако мислите дека повторно треба да ја консумирате, задолжително направете пауза од шест месеци.