Кога ќе ги изедете краставичките не фрлајте го сокот во одводот, туку ставете го во вашиот омилен оброк или коктел.
Пијалок после вежбање
Течноста со оцет е богата со електролити, затоа можете да ја пиете после напорно вежбање нез никакви други додатоци. Така ќе повратите добар дел од вредните елементи кои ги губите кога се потите. Овој сок е голем извор на калиум и спречува грчење на мускулите. Внимателно одвојте ја течноста од лукот и другите зачини кои се ставаат кога го спремате киселиот сок.
Замена за оцет
Ова е поблаг вид на оцет кој можете да го ставите во зелени салати, компир салата и варени јајца. Течноста можете да ја искористите и за маринирање на месо.
Коктел
Киселата течност може да се искористи и за коктел, која може да ја додадете во мартини, наместо маслинов сок, кој обично се става. Нејсе, сокот од кисели краставички е одличен лек и против мамурлак.
Interesno.com.mk