Home / бабини рецепти / 200 години стар домашен лек на семејство од Штип лекува Жолтица

200 години стар домашен лек на семејство од Штип лекува Жолтица

200 години стариот семеен лек направен по семеен рецепт пренесуван со генерации во семејството Стојанови, денеска пред камерата на Канал пет, 70 годишниот штипјанец Никола, тврди, тоа е вистинскиот, ефикасен лек за жолтицата или Хепатитот А.

med-dumbir-foto-shutterstock-1393666072-453851– Лекот се состои од лимон, мед, матичен млеч, и јајце, не жолчката-секако, но белката. Таа комбинација кога правиолно се искомбинира и подготви се добива лековита течност, нешто налик на компот, објасни Никола Стојанов – пензиониран професор.

Моќноста на лекот не стивнува ако заболениот го користи во поодминат период од боледувањето, но нашиот соговорник се согласува дека секогаш најдобрите резултати и скратување на времето на лекување ги има ако лекот се користи навреме.

– Додека трае инкубацијата на жолтицата, лекот во потполност ја уништува, само ако правилно се земаат дозите. Една трае десет дена, а обично се земаат три, изјави Стојанов .

Пензионираниот професор по македонски јазик ни открива- лекот за жолтицата е мегу нас, како кај животинскиот, така и растителен свет.

– Од животинско потекло најдобро е да се зема пресното козјо сирење, но посебен начин обработено, како и млекото, а од растенија, белиот и црвен кантарион, невенот, од зеленчукот, доматот е ефикасен, ротквата. Од овошјето сушените бадеми, искоментира нашиот соговорник.

Нема скептицизам кај епидемиолозите и инфектолозите во она што го нуди алтернативната медицина. Денеска за Канал пет, тие се единствени во оценката. Кога се работи за болест, што бара витаминска терапија, и алтернативните лекови се доброедојдени во постигнување на заедничката цел.

Епидемијата, која трае нешто повеќе од две недели, да не зема поголем замав како во време , така и во бројот на новозаболени.

Во овој прилог одат и денешните бројки соопштени од штипскиот Центар за Јавно здравје. 56 заболени и 22 хоспитализирани е тренд на бавно но сигурно стивнување на жолтицата во Штип

Kanal5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top