Home / бабини рецепти / 15 примени на оцетот за кои веројатно не сте слушнале

15 примени на оцетот за кои веројатно не сте слушнале

Ублажување на чешањето при убод од комарец. Убодите од комарец предизвикуваат иритирачко чешање, но оцетот може да ви помогне. Веднаш штом ќе забележите дека сте станале жртва на комарец, натопете памук со оцет и поставете го на убоденото место. Чешањето ќе се намали, а заедно со него и самиот оток.

ocetСмирување на икавица. Не можете да престанете да икате? Голтнете една мала лажичка оцет.

Посјајна коса и поздрав скалп. Во празно шише од шампон измешајте половина лажичка јаболков оцет и една шолја млака вода. Полејте ја косата со растворот по миењето со шампон. Повторувајте го истото неколку пати неделно. Оцетот го враќа сјајот на влакното и помага во борбата против непријатниот првут.

Тонирање на кожата на лицето. Заменете го тоникот со раствор од природен јаболков оцет и вода во однос 1:2. Со памук нанесувајте на лицето навечер по миењето.

Намалување на вишокот килограми. Природниот јаболков оцет е одличен сојузник во борбата со масните наслаги и вишокот килограми. Наутро, пред првиот оброк, пијте една чаша млака вода во која претходно сте раствориле една лажичка јаболков оцет и една лажичка мед.

Уништување на миризбата од чад. Ја загоревте храната додека готвевте и во вашиот дом се шири силна миризба? Имавте гости кои претераа со бројот на испушени цигари? Ставете во замирисаната соба сад со оцет за да се ослободите од непријатната миризба.

Задржување на мравките подалеку од домот. Топлите месеци значат и раздвижување на мравките кои полека започнуваат да ги освојуваат домовите. За среќа, овие вредни инсекти не се големи обожаватели на оцетот. Измешајте бел оцет и вода во однос 1:1 и испрскајте ги местата од каде што мислите дека можат да нападнат. Тоа брзо ќе ги натера да се повлечат.

Полесно отстранување на дамките од пот, дезодоранси и стикови од облеката. Дамките од пот можат да ги уништат вашите блузи, а процесот на уништување може да биде забрзан ако употребувате антиперспиранти кои оставаат дамки. Решение за овој проблем е оцетот. Едноставно пред да ја перете маицата, испрскајте ја дамката со чист бел оцет и полесно ќе ја отстраните.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top