Free songs
Home / аларм / Здравјето на бебето зависи од тоа што го јадат и мајката и таткото пред зачнување

Здравјето на бебето зависи од тоа што го јадат и мајката и таткото пред зачнување

Исхраната на мајката и таткото пред зачетокот, го дефинираат здравјето на детето во иднината, па мажите и жените пред бременоста би требало да внесуваат поголема количина на овошје.Не е само исхраната на мајката важна  за иднината на здрави деца, туку подеднаква улога имаат и двајцата родители, тврдат група научници од Канада.

bremena-bebe-300x257Тие заклучуваат дека спермата носи „сеќавање“ на животниот стил на мажот, па се пренесува на потомството, пишува „Дејли Мејл“.

„ Ние сме она што го јаделе нашите родители, поради што мажите не би смееле да ја отфрлат својата улога во здравјето на детето. Треба да ја исфрлите нездравата исхрана и да конзумирате повеќе овошје и зеленчук, вели авторката на студијата Сара Киминс.

До сега целото внимание беше посветено само на здравјето на мајката, што е многу погрешно.

На жените обично им се советува при планирањето на дете да земаат додаток на фолна киселина, но и на мажите додатокот B витамин, ќе им овозможи здрави ќерки и синови, бидејќи го подобрува квалитетот на спермата.

Добри извори на фолна киселина се брокула, грашок, oриз, додека алкохолот го спречува апсорбирањето на витамин B, па пожелно е да не го внесувате во крвта пред и по зачетокот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top