Free songs
Home / природен лек / Заштитете ја косата од хлор, солената вода и сонцето

Заштитете ја косата од хлор, солената вода и сонцето

Како да ја заштитите косата од водата?

Кога одите на пливање, не заборавајте да нанесете посебен серум со УВ заштита, со кој ќе ја заштитите вашата коса од сончевите зраци. Серумот со УВ заштита, ќе ги спречи сончевите зраци да ја уништат вашата коса и да ја направат кршлива и сува.

zastitete-ja-vasata-kosa-od-hlorot-solenata-voda-i-sonceto-1Како да ја заштитите косата од сонцето?

Сончевата светлина предизвикува посебна хемиска реакција во незаштитената коса, која се вика оксидација. Оваа оксидација, со текот на времето ја прави вашата коса безживотна и лесно кршлива. Производите за коса кои содржат фактор за заштита од сончевите зраци, ќе ја спречат апсорпцијата на сонцето во вашата коса.

Кои шампони да ги користите?

Шампонот кој го користите треба во себе да ја содржи состојката наречена ЕДТА, која ќе ја пронајдете на самата амбалажа. Тоа е состојка која го отстранува хлорот од вашата коса, кој од друга страна пак, може да ја нијансира вашата коса која потоа ќе стане зелена.

Какви препарати за коса треба да користите?

Најдобро е препаратите да содржат силикон, кој ги пополнува празнините и не и дозволува на влагата да навлезе во косата.

Како да ја заштитите косата од влага?

Ако имате права коса која ви изгледа повеќе опуштена или кадрава коса чии кадрици не можете да ги скротите, тогаш станува збор за влагата. Побарајте шампони кои ќе и дадат волумен на вашата коса и избегувајте уреди за стилизирање на косата. Доколку овој шампон не ви помогне, обидете се со шампоните за мрсна коса кои значително ќе ја подобрат и ќе и дадат живот.

Со оглед на фактот, дека сѐ уште не постои специјален препарат со заштитен фактор за косата, најдобар и најсигурен начин е носењето шешир кога се изложувате на сонце.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top