Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / аларм / Загадениот воздух виновен за срцевите удари и ракот на белите дробови

Загадениот воздух виновен за срцевите удари и ракот на белите дробови

Големото загадување на воздухот годишно во Европа однесува околу 500.000 животи, се податоците на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), јави АА.

zagaduvanje1-300x200Загадениот воздух се смета одговорен за болести на дишните патишта, а се поврзува и со болестите на срцето и со ракот. Чистиот воздух го спречува развојот на болести посебно меѓу поранливите групи како што се жените, децата и постарите луѓе. Сиромашните жени и деца ја плаќаат цената на внатрешното загадување, бидејќи го вдишуваат воздухот од печките на јаглен и дрва, додаваат стручњаците.

Дури и кратката изложеност на загадениот воздух може да го зголеми ризикот од срцев удар, предупредуваат француските стручњаци. Негативното влијание на загадениот воздух на здравјето се проучува веќе подолго време. Тоа може да ја намали делотворноста на инхалаторите кои се користат за третирање на астмата, долгорочната изложеност може да доведе до промени на мозокот и со самото тоа да резлтурира со тешкотии во учењето и помнењето. Освен што им штети на срцето и белите дробови, загадениот воздух е поврзан и со дијабетесот.

Изложеноста на загадениот воздух може да го зголеми отчукувањето на срцето и да ја направи крвта повеќе склона на создавање згручувања. Исто така, загаденоста на воздухот, е еден од многу важните ризични фактори во настанувањето на респираторните болести, посебно на хроничната опструктивна болест на белите дробови (ХОБП) и рак на белите дробови. Загадудвањето на воздухот предизвикан од сообраќајот се поврзува со зголемен број на хроничен бронхит кај возрасните, акутен бронхит кај децата, како и зголемен процент на напади на астма.

Загадениот воздух на отворено предизвикува:

vozduh pm cesticki zagadenost40 отсто исхемиски болести на срцето
40 отсто мозочни удари
11 отсто хронична опструктивна болест на белите дробови
6 отсто случаи на рак на белите дробови
3 отсто случаи на акутна респираторна инфекција кај децата

Загадувањето на воздухот во затворени простори е виновно за:

34 отсто мозочни удари
24 отсто исхемиски болести на срцето
22 отсто хронични опструктивни болести на белите дробови
12 отсто случаи на акутните распираторни инфекции кај децата
6 отсто случаи на рак на белите дробови

Поврзаностa на загадувачките материи со респираторните симптоми или зачестеноста на некои болести на белите дробови:

Озон: зголемување на респираторните симптоми, ја зголемува бронхијалната хиперреактивност, ја намалува белодробната функција, ја зголемува појавата на заболување од астм;

Азот диоксид: ги зголемива респираторните симптоми, ја заголемува бронхијалната хиперреактивност, ја намалува белодробната функција;

Сулфур диоксид: ги зголемува респираторните симптоми, ја зголемува бронхијалната хиперреактивност, ја намалува белодробната функција, го зголемува заболувањето од астма, ја зголемува смртноста од рак на белите дробови;

Јаглен моноксид: ги зголемува респираторните симптоми, ја зголемува бронхијалната хиперреактивност, ја намалува белодробната функција;

Честички што лебдат – 10 ПМ: ги зголемуваат респираторните симптоми, ја зголемуваат појавата на заболување од астма, ја зголемуваат срмтноста од рак на белите дробови и кардиоваскуларните дробови.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top