Free songs
Home / Болести и лечење / Дали сте под стрес? Овие три скриени извори го предизвикуваат, а не сте свесни за тоа

Дали сте под стрес? Овие три скриени извори го предизвикуваат, а не сте свесни за тоа

Стресот е една од најчестите појави на современото општество. Многумина го препишуваат на брзиот начин на живот, технологијата, премалку слободно време…но експертите на оваа тематика советуваат дека треба да обрнете внимание на овие скриени извори на стрес.

rabota umor stresСтанува збор за три скриени извори кои се еден од главните причинители на стрес.

Не внимавате на исхраната

Често забораваме дека психичкиот стрес произлегува од физички стрес, а тој пак доаѓа од лошата грижа за телото и за здравјето. Една од главните компоненти за добро здравје е правилна исхрана. Тоа значи дека мора да јадете разновидна храна, но не заборавајте дека мора редовно да се храните, односно да не прескокнувате оброци. Посебно е важно да не ја џвакате храна пребрзо.

Премногу сте критични кон себе

Живееме во натпреварувачко општество кое понекогаш не тера себеси да си наметнеме нереални очекувања. Кога нешто не можеме да го оствариме, стануваме најлош непријател и критичар на себе. Престанете да се критикувате сами себе, присетете се на своите квалитети и животот креирајте го според сопствените желби, а не според туѓите.

Немате сила да ги исфрлите токсичните пријатели од својот живот

Тешко е да се прекинат односите поради кои не се чувствуваме добро, но тоа е болна точка која секој од нас треба да ја направи. Тоа ќе ни донесе само добри работи во животот. Имате пријатели кои постојано ве критикуваат? Не се веселат на вашата среќа? Тоа се токсични луѓе кои немаат што да прават во вашата близина.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top