Home / нови лекови / За прв пат научниците излекуваа ревматоиден артритис кај глувците

За прв пат научниците излекуваа ревматоиден артритис кај глувците

Ревматоиден артритис е состојба која предизвикува болно воспаление на неколку зглобои во телото. Зглобната капсула станува надуена, а болеста може да ги уништи ‘рскавиците и коските како што напредува.

Ревматоидниот артритис влијае врз 0.5%-1% кај светската популација. Докторите користат различни лекови за да го забават или запрат напредувањето на болеста. Но, сега истражувачите од „ETH Zurich“ развија терапија кој го носи третманот на ревматоиден артритис на сосема ново ниво: после добивањето на лековите, тие веруваат дека глувците кои ја имаат оваа болест целосно се излекуваа, пишува факултети.мк.

koskaЛекот е биотехнолошки произведена активна супстанција која се состои од две споени компоненти. Една компонента е сопствениот имунолошки „гласник“ на телото, интерлеукин 4 (IL-4); претходните истражувања покажаа дека овој гласник ги штити глувците од оштетување на ‘рскавицата и коските. Научниците ги споиле антителата на IL-4, врз основа на принцип на заклучување, врзани на вид на протеин кој се наоѓа само во воспалените ткива во одредени болести.

„Како резултат на комбинацијата на антитела, IL-4 достигнува до местото на болеста кога во телото се вбризгува фузија молекул“, вели фармацевтот Тереза Хемерле. „Тоа ни овозможува да се концентрира на активната супстанција на местото на болеста. Концентрацијата во останатиот дел од телото е минимална, со што се намалуваат несаканите ефекти“, додава таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top