Home / бабини рецепти / За изгореници ОД СОНЦЕ – Зелена салата, млеко, компир, бел оцет ….

За изгореници ОД СОНЦЕ – Зелена салата, млеко, компир, бел оцет ….

На плажа многу лесно може да го изгуби чувството за време, па да заборавиме да се намачкаме со нов слој заштитен крем за сончање или навреме да се скриеме под сенка од јаките сончеви зраци. За среќа, помошта за изгореници од сонце се наоѓа во нашиот фрижидер. Еве неколку продукти кои може да ги ублажат изгорениците и да ни ја намалат болката.

povrede-sportista-kod-opekotine-od-sunca-300x225Компири
Иако не важи за идеално решение ако се обидувате да ослабите, сепак нека ви биде при рака како заштита од изгореници, во што ќе ви помогне скробот што го содржи. Исечете свеж компир на парчиња и истријте ја кожата. Може и да го изрендате и да го ставите како облога на оштетената кожа.

Каша од зоб
Ако целото тело ви изгорело на сонце, зобните снегулки нудат најдобро олеснување. Сомелете една шолјичка зобни снегулки во мултипрактик и додајте ги во купката што ќе си ја подготвите. Може да ги ставите во газа, да ги прелеете со ладна вода и да ги користите како облоги на секои два до четири часа.

Зелен чај
Катехините од неговиот состав се одлични заштитници од штетните сончеви зрачења, а танинските киселини помагаат за ублажување на болните изгореници. Истражувањата покажале дека само две чаши дневно може да дадат малку дополнителна заштита од сонцето, но секако треба да се има предвид дека зелениот чај не може да ни биде единствената заштита од сонцето. Ако имате изгореници на лицето, потопете две кесички чај во ладна вода и ставете ги на очните капаци. Танинската киселина ќе ви ја намали болката.

Јагоди
Згмечете неколку зрели јагоди во каша и намачкајте ја на изгорените места. Исплакнете по неколку минути. Танинот од јагодите ќе ви ја намали болката.

Краставици 
Овој зеленчук може да ви понуди заштита речиси како и производите за сончање и тоа без дополнителните штетни конзерванси. Ако веќе сте изгореле, згмечете краставица и нанесете ја на кожата.

neven mastБел оцет
Дејствува противвоспалително. Ако ви е кожата поцрвенета, нанесете малку дестилиран бел оцет на изгорените места за да ви се намали болката, но ова може да го направите само ако не ви излегле меурчиња.

Домати
Поради ликопенот што го содржат, ја штитат кожата од сончевите зрачења. Во едно истражување испитаниците кои јаделе по пет лажици пире од домати дневно и за три месеци добиле з25 отсто повеќе природна заштита од изгореници.

Невен
Ова растение дејствува противоспалително и е добро за лекување изгореници. Направете облоги од цветови од невен и ставете ги на оштетената кожа за да го забрзате процесот на закрепнување.

Зелена салата
Обарете ја во вода, исцедете и оставете ја добро да се излади во фрижидер. Со салатата потоа нежно поминете преку иритираната кожа.

Немасно млеко
Нанесете на кожата ладно, но не претерано ладно млеко користејќи чиста крпа или газа. Држете ја облогата 15-20 минути и постапката повторувајте ја на секои два до четири часа.

Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top