Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / нови лекови / Во мумии од 18 век се бара одговор за имунитетот и туберколозата

Во мумии од 18 век се бара одговор за имунитетот и туберколозата

Научниците сметаат дека овие мумии би можеле да помогнат во отклучување на тајните на имунолошкиот систем.

Закопани во периодот од 1731 и 1838 година во криптата на Доминиканската црква во градот Вак, во северниот дел на Унгарија, биле пронајдени мумии кои биле заборавени со децении, а откриени во 1994 година за време на реновирањето на храмот.

Во моментов истите се сместени се во картонки кутии во унгарскиот Природнонаучен музеј во Будимпешта. Мумиите ќе се користат со цел да се пронајде лек за туберколозата. Еден од нив бил покриен со бел чаршаф, на друга јазикот и бил исечен, а рацете и биле ставени на стомакот, трета била пронајдена гримаса каоја потсетува на врисок. Научниците сметаат дека овие мумии би можеле да помогнат во отклучување на тајните на имунолошкиот систем.

Процесот на мумификација се случил благодарение на поволната микроклима внатре во самата крипта, место каде што имало ниски температури и релативно константна влага и притисок на воздухот. Под самите тела во ковчегот биле поставени дрва со цел да ги апсорбираат течностите, па наместо телата да се распаднат, истите се исушиле. Се верува дека биле погребани пред скоро 300 години.

Земајки примероци, научниците веруваат дека станува збор за три монахињи, 30 свештеници, а најинтересно меѓу нив било што трагите од мутации на коските предизвикани од туберколоза биле јасно видливи со голо око, изјавил шефот на Одделот за антропологија на унгарскиот Природнонаучен музеј Лдико Пап.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top