Free songs
Home / аларм / ВНИМАВАЈТЕ: Скопје пред епидемија на Морбили

ВНИМАВАЈТЕ: Скопје пред епидемија на Морбили

Од почетокот на годинава се регистрирани 19 случаи на мали сипаници, речиси сите се потврдени и лабораториски, дознава zdravstvo24 од извори од Институтот за јавно здравје. Пријавени се и неколку случаи со клиничка слика на морбили, но за нив се чека лабораториска потврда. Минатата недела во Скопје биле евидентирани и два поврзани случаи на морбили. Според информациите на zdravstvo24 во еден од случаите родител со мали сипаници го заразил детето. Како што дознаваме станува збор за невакцинирани лица.

SIPANICI MORBILIЕпидемиолозите кои ги контактираше zdravstvo24 велат дека ако има поврзани случаи на морбили треба да се прогласи епидемија во тој регион или општина и да се превземат мерки за да се спречи ширење на заразата, една од мерките е е вакцинација на невакцинираните лица. Неофицијално дознаваме дека комисијата за заразни болести ќе се состане во текот на неделава и не е исклучена можноста да се прогласи епидемија од оваа заразно заболување во Скопје.

Морбилите се поопасни за повозрасните лица. Може да предизвикаат сериозни компликации на белите дробови, мозокот и срцето доколку на време не се јават на инфектолог и не примаат соодветна терапија.

Периодот на инкубација на вирусот трае околу 2 недели, а потоа се јавуваат првите симптоми кои се слични како кај грип со печење на очите, секрет во носот, почачена температура, малаксаност, па потоа се јавува испитот кој е карактеристичен за оваа заболување, велат лекарите.

Морбилите се најзаразни 5 дена пред и 5 дена после исипот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top