Free songs
Home / алтернативна медицина / 9 семиња со магична моќ – алтернативна медицина

9 семиња со магична моќ – алтернативна медицина

Чија семе

cija seme

Сервирање: 1 лажица

Во една лажичка семе од чија има:

– 2,5 пати повеќе протеини отколку во гравот

– 3 пати повеќе антиоксиданси од боровинките

– 3 пати повеќе железо отколку во спанаќот

– 6 пати повеќе калциум отколку во млекото

– 7 пати повеќе витамин Ц отколку во портокалот

– 8 пати повеќе Омега-3 отколку во лососот

– 10 пати повеќе диететски влакна отколку во оризот

– 15 пати повеќе магнезиум отколку во брокулата

Чија семето е богато со витамини и минерали, растителни влакна и е најбогат извор на омега-3 масни киселини. Со чија семето може да помогнете во намалувањето на болките во зглобовите, во губењето на тежината, како и да го заштитите организмот од дијабетес и болести на срцето.

Според придобивките од чија семето, тоа влегува  во т.н. супер храна.

Семе од коноп

konop seme

Сервирање: 1 лажичка

Конопното семе ги содржи:

Сите 20 аминокиселини, вклучувајќи ги и 9-те есенцијални аминокиселини кои човековото тело не може да ги произведе.

– Висок процент од едноставни протеини кои го јакнат имунитетот и ги исфрлаат отровите

– Јадењето семе од коноп во каква било форма може да помогне во зголемување на имунитетот.

– Ова семе има највисок извор на есенцијални масни киселини во природата.

– Одличен 3:1 сооднос на Омега-6 киселина и Омега -3 кои се идеални за кардиоваскуларното здравје и зајакнувањето на имунолошкиот систем.

– Ако сте вегетаријанец, со конопното семе ќе добиете одличен извор на протеини.

Семе од калинка

kalinka seme

Сервирање: ½ чаша

Калинките се богат извор на антиоксиданси. Поради тоа, помагаат во заштитата на вашето тело од слободните радикали кои предизвикуваат предвремено стареење. Со едноставни зборови, калинката го збогатува нивото на кислород во крвта со што се бори со слободните радикали и го спречува згрутчувањето на крвта. Калинката помага да се намали ризикот од рак и срцеви заболувања. Ова семе е богато со витамин Ц и калиум, има малку калории и е одличен извор на растителни влакна. Истовремено, помага во борбата против артритисот, се бори со воспалението и против ензимите кои ја уништуваат `рскавицата.

Ленено семе

leneno seme

Сервирање: 1-2 лажици

Ова семе ги намалува мастите во крвта и го регулира апетитот. Со тоа, помага во поддршката на губење на тежина.

Уште Хипократ пишувал за придобивките на лененото семе. Тоа е богато со есенцијални киселини и диетски влакна.

Лененото семе има антивоспалителни ефекти, го намалува ризикот од рак на дојка и на простатата. Помага за здраво дебело црево и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

Сомелете го семето во мелница за кафе или блендер и додадете го во разните варива, печива и пијалаци.

Семки од тиква

tikva seme

Сервирање: ½ чаша

Додадете семки од тиква во вашата секојдневна исхрана. 100 гр. семки од тиква ги обезбедуваат 54% од дневните потреби од протеини. Семките од тиква се одличен извор на Б комплекс. Тие се одлични во борбата против депресијата, а можат да спречат и создавање на камен во бубрезите.

Сусам

susam seme

За сервирање: ¼ чаша

Сусамот е најстариот додаток во исхраната која човекот ја познава. Особено е високо вреднуван поради богатството од масти во себе.

Сусамот е одличен извор од на манган и бакар, на калциум, магнезиум, железо, фосфор, витамин Б1, цинк и диетални влакна. Во прилог, тој содржи и две уникатни супстанции: сезамин и сезамолин. Токму тие, имаа ефект да го намалуваат холестеролот кај луѓето, да го спречат високиот крвен притисок и да ги зголемат резервите на витаминот Е. Исто така, тој го заштитува црниот дроб од разни болести.

Семки од сончоглед

soncogled seme

Сервирање: ¼ чаша

Овие семки се одличен извор на витамин Е, кој ги неутрализира слободните радикали кои во организмот предизвикуваат голема штета и ги уништуваат здравите клетки.

Сончогледот има одредена доза фитостерол, кој ако е присутен во исхраната во доволни количини, може да го намали нивото на холестерол, да го подобри имунитетот и да го намали ризикот од добивање рак.

Семките од сончоглед се добар извор на магнезиум, кој помага во намалувањето на астмата, го намалува високиот крвен притисок и ги спречува мигренозните болки, инфарктот и мозочниот удар.

Ким

kim seme

Сервирање: 1 лажица

Кимот во исхраната се користи уште од антиката. Ова семе е познато по своите лековити придобивки и се користи како лек стотици години.

Кимот е корисен за дигестивните нарушувања. Семето е богато со железо и му помага на црниот дроб при неговото зајакнување.

Кимот ги олеснува симптомите на настинка. За болки во грлото, во водата со ким ставете и малку ѓумбир и полека голтајте.

Кимот го прочистува телото и го затоплува во зима. Се смета дека има голема моќ во лечењето на бубрезите и црниот дроб, како и за лек за астма и артритис.

Семки од грозје

grozje semki

Сервирање: 1-2 лажички

Семките од грозје имаат голема концентрација на витамин Е, флавоноиди и есенцијални аминокиселини.

Ова семе може да спречи срцеви заболувања како што е високиот крвен притисок и високиот холестерол.

Една студија покажала дека ова семе може да ги уништи заболените канцерогени клетки, оставајќи ги другите здрави.

Исто така семките од грозје се покажале како високоефикасни во уништувањето на некои вируси.

ladybook.mk

Share Button

One comment

  1. конопово семе

    Семето од коноп ( канабис ) и маслото од семки од коноп се повлечени од продажба од продавниците за здрава храна низ Скопје поради испитувања од институциите.

    Дали некој има информација дали ситуацијата е променета?

    Да забрануваш природа е тотален non-sense според мене.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top