Free songs
Home / Болести и лечење / Внимавајте на овие симптоми – навестуваат можен мозочен удар!

Внимавајте на овие симптоми – навестуваат можен мозочен удар!

Поголемиот дел од мозочните удари се случуваат околу 65-тата година или подоцна, но сепак околу 10 отсто од ударите им се случуваат и на оние што сеуште не навлегле во 45-тата година и тоа почесто на жените отколку на мажите. Во Америка годишно повеќе од 100.000 жени под 65 години добиваат мозочен удар.

mozocen-udar-300x200Постојат неколку причини зошто жените се поизложени на ризик од мажите. Покрај факторите на ризик што се заеднички за двата пола како што е пушењето, високиот притисок, високиот холестерол и дијабетесот, некои фактори ги имаат само жените вели Ендрју Стемер, директор на Програмата за мозочен удар од Медтар Џорџтаун Јуниверзити Хоспитал.

Еден од факторите е бременоста, особено во третиот триместар и една недела по породувањето. Тоа има врска со хормоналните промени и затоа што по породувањето жените повеќе мируваат, протокот на крвта е забавен па жените се поподложни на создавање на згрутчувања.

Оралните контрацептиви создаваат зголемен ризик од мозочен удар. Жените што имаат мигрена со аура (главоболки проследени со невролошки симптоми со светкање кон аголот на окото) исто така имаат зголемен ризик. Сите овие фактори заедно имаат кумулативен ефект на зголемувањето на мозочните удари кај жените. Највообичаениот облик, исхемискиот мозочен удар (кој ја јавува во 80 отсто од случаите) се појавува кога згрутчувањето спречува доволна количина крв и кислород да стаса до мозокот. Лекарите велат, „времето е мозок“, а тоа значи дека колку повеќе се чека дека штетата е поголема.Освен водењето здрав живот, најдобрата одбрана е да се обрнува внимание на раните симптоми и да се оди на лекар.

Чувствувате слабост или втрнатост на едната страна од телото

Ненадејното губење на силата или нечувствувањето на екстремитетите на едната страна на телото, особено во рацете или во нозете е симптом на мозочен удар. Може да ви се обеси и едната страна од лицето.

Имате проблем со говорот

simptomi-mozocen-udar-23Овој симптом се јавува во неколку облици. Понекогаш говорот станува течен, но имате проблеми за да изговорите некој  збор. Можно е да имате потешкотии во разбирањето што говорат другите. Сите имаме моменти кога неможеме да се сетиме на некој збор или неможеме правилно да го изговориме. Познавајќи се себе си ќе знаеме дека тоа е пролазно или дека тоа ни се случува со одредени зборови. Но ако се јават поинакви симптоми од вообичаените, ви треба итна помош.

Сериозни главоболки

Тешките главоболка се јавуваат кај хеморагичните мозочни удари што се случуваат која крвниот сад е затнат со згрутчување или пукнал. Мозочните удари со крварење се јавуваат поретко отколку исхемичните удари, во околу 10 до 15 отсто од случаите но имаат висок степен на смртност.

Сте изгубиле дел од видот

Како и слабоста во екстремитетите и проблемите со видот се јавуваат на едната страна. Но наместо да го изгубите видот на едното око, поверојатно е дека ќе го загубите истото видно поле на двете очи, например на двете очи нема да гледате на левата страна. Очното јаболко и очниот нерв се во ред, но таму каде што се процесуира информацијата може да дојде до оштетување.

Може да ви се случат само некои, но и сите симптоми

Појавата на некои од овие симптоми значи дека треба веднаш да одите во болница. Смптомите доаѓаат брзо, понекогаш тоа е само мигрена или нешто бенигно, но реагирате, па на тој начин ја пропуштате својата шанса за брз третман на мозочен удар.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top