Free songs
Home / аларм / Внимателно: Мислите дека користите зачин, но во прашање е отров!

Внимателно: Мислите дека користите зачин, но во прашање е отров!

Сувата мешавина на зачини се наоѓа на полица кај повеќето домаќнки, но ретко кој знае дека овие тегли се, всушност, полни со отров. Доволно е само да го прочитате составот и да ви биде јасно дека содржината на овие мешавини е погубна за организмот.

vagetaСте одлучиле да направите здрав ручек и да зготвите диетална зелка. И, што додавате од зачини? Ако сте како повеќето домаќинки, веројатно раката автоматски ви се движи кон тегла или кесичка со сува мешавина од зачини. Меѓутоа, би требало да знаете дека само со една лажица од овој додаток од здрав ручек правите нешто многу нездраво.

Ваквите мешавини, пред се, се полни со сол, а не им недостасува ниту шеќер. Имено, тешко дека ќе најдете некоја мешавина на зачини во која на прво место не се наоѓа сол, а веќе на второ или трето бела смрт, шеќер. Дека ова е најлоша можна комбинација потврдила нутриционистката Бранка Митровиќ.

Самата сол не е лоша ако се внесува контролирано. Секојдневно мора да ја внесуваме затоа што без неа нема живот, но потребни ни се само околу три грама. Затоа најголем проблем е кога е така скриена, а особено е лошо кога се комбинира со некоја од другите видови „бела смрт“ – тоа многу лесно се претерува и храната станува нездрава, велат нутриционистите.

Токму тоа се случува во мешавините на зачини, но тие нездрави продукти се скриени зад сликите со зеленчук кои се наоѓаат на кесата.

Рака на срце, тука има и малку сушен зеленчук, но само погледнете како изгледа составот на еден зачин кој може да го најдете во супермаркетите.

Состав: Сол, шеќер, подобрувач на вкусот L натриум глутаминат, сушен зеленчук минимум 8 отсто, бибер, природни бои – рибофлавин и куркумин.

Значи, во пакување од 100 грама добивате најмногу 10 грама зеленчук, а остатокот се сол, шеќер и засилувачи на вкусот. Светските експерти веќе со години предупредуваат на штетните засилувачи на вкусот, меѓу кои најлоши се глутаминати кои се поврзуваат со разни болести.

Решението е мошне едноставно – направете си своја мешавина од зачини. Храната посолувајте ја онолку колку што ви е потребно, а потоа зачинете ја со зачини во чиј состав треба да пишува 100 отсто.

Што се однесува до зеленчукот, многу е полесно да додадете свеж зеленчук, а сушените зачини без додатоци може да ги пронајдете во секоја продавница.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top