Free songs
Home / аларм / Вистина за купечкиот сладолед – еве што содржи

Вистина за купечкиот сладолед – еве што содржи

Иако нутриционистите го вбројуваат сладоледот во здрави и хранливи десерти, тој истовремено претставува и еден од хемиските најтретирани производи. Меѓу најчестите адитиви и непосакувани Е – броеви во сладоледот на прво место се наоѓаат засладувачите (Е-950, Е-951 итн), засилувачи на вкус (E-620 до E-633) и бои кои се најопасни (на пр. E-102, E-104, E-110, E-122, E-123, E-124…).

sladoled1

Некои од нив можат да бидат многу штетни, како кинолошко жолтите (Е-104 – жолта боја која се додава на пудинзите, сладоледите, слатките, газираните сокови и која може да предизвика алергија и дерматитис, а забранета е во САД, Австралија, Јапонија, Норвешка и Шведска. За да ги избегнете последиците по здравјето, внимателно читајте ја декларацијата и бидете умерени, посебно кога станува збор за индустриски произведените сладоледи. Најдобра опција е да направите здрав овошен сладолед  дома.

Најчестите оправдувања на произведувачите на сладоледи се: Да штетни се, но тоа се дозволени и многу мали количини. Колку и да се мали тие количини, сепак се отрови, а сладоледот го консумираме и по неколку пати на ден.
Еве кои се најчестите состојки кои ги содржат сладоледите. Имајте во предвид дека овие состојки не се спомнуваат на декларацијата или пак само се скриени зад еден од Е-броевите.
ALDEHID C-17 – Се користи за подобрување на вкусот кај сладолед од вишна. Се работи за течност која се користи за анилински бои, пластика и гуми.
AMIL ACETAT – Со оваа хемикалија се постигнува вештачки вкус на банана. Се користи како растворувач за мрсни бои.
BENZIL ACETAT – Се користи за добивање вештачки вкус на јагода. Воедно е и нитро разредувач.
BUTIRALDEHID – се користи за подобрување на вкусот кај сладолед од лешник и една од состојките за гумен цемент.
ETIL ACETAT – За постигнување на вештачки вкус на ананас, но и се користи како средство за чистење кожни материјали и други ткаенини. Оваа состојка може да предизвика хронични оштетувања на градниот кош, црниот дроб и срцето.
PIPERONAL – Се користи за вештачка арома на ванила, но и за убивање вошки. Токму поради овие состојки мора да избирате органски сладоледи без штетни адитиви, со квалитетни состојки и сертификати. Но, зошто да се загрижувате за состојките кога можете самите да си приготвите здрав и вкусен сладолед, на едноставен и брз начин.
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top