Free songs
Home / нови лекови / Видео: Научниците развиле човечки бели дробови во лабараторија

Видео: Научниците развиле човечки бели дробови во лабараторија

Истражувачите за прв пат успешно одгледале човечки бели дробови во лабораторија.

Користејќи делови на бели дробови од две починати деца, истражувачите од Универзитетот во Тексас создале структура од колаген и еластин, главна компонента на сврзното ткиво.

beli-630x335Тие потоа собрале други белодробни клетки и ги вградиле во „скелето”, пред да ги стават во комора исполнет со специјална течност богата со хранливи материи.

Четири недели подоцна, тимот имал целосно развиени бели дробови од човек, а целата постапка уште еднаш успешно била повторена.

Техника за првпат беше развиена во 2010 година, а оттогаш е тестирана врз белите дробови на стаорци и свињи. Сега првпат се тестираат човечки бели дробови.

„Ни беше потреба една година да си докажеме на самите себе дека сме доволно добри за таков зафат”, кажува истражувачот д-р Џоан Николс.

Иако истражувачите се возбудени од откритието, тие кажуваат дека ќе им бидат потребни уште најмалку 12 години пред да можат белите дробови добиени по лабораториски пат да ги користат за трансплатација.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top