Free songs
Home / сведоштва / ВИДЕО: Kуче овчар, може да открие рак

ВИДЕО: Kуче овчар, може да открие рак

Кучето Френки од расата германски овчар открива рак на тироидната жлезда кај луѓето, пред да им биде дијагностициран, а тестовите покажуваат дека во 88 проценти од случаите е во право.

kuce rakФренки е дресиран да легне кога ќе намириса рак во примерок од урина, а да се сврти доколку примерокот е чист.

Во рамките на експериментот на универзитетот Арканзас, тој ја помирисал урината на 34 пациенти, а погрешил само за четворица, што значи дека за 88 проценти од случаите поставил точна дијагноза.

– Тоа што ние го направивме, досега не го направил никој – изјавил раководителот на студиите, Арни Ферандо, кој го нашол кучето на улица.

– Побаравме од него да ни „каже“ дали е ракот присутен пред лекарите да ја постават дијагнозата”.

Ракот на тироидната жлезда е релативно редок и тешко се открива, обично на основа на анализа на крта и нивото на хормони.
Научниците се надеваат дека кучето, чие чувство за мирис е 10 пати посилно од тоа кај човекот – може да се користи во откривање на разни облици на оваа болест.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top