Free songs
Home / нови лекови / Вакцините одат во историјата – доаѓаат фластерите

Вакцините одат во историјата – доаѓаат фластерите

Еден од најстрашните кошмари од детството – примањето инекција – наскоро би можел да отиде во заборав! Од институтот за технологија „Масачусетс“, стигнува веста дека омразените боцки наскоро можат да бидат заменети со фластери со микроигли.


Flaster 1Фластерите со стотина микроигли од пола милиметар, на безболен начин продираат во кожата. Тие веруваат дека новиот изум ќе биде многу поефикасен во примањето на различни терапии, затоа што ќе се избегнат голем борј на компликации, а неговата примена најверојатно ќе почне со давање на вакцини на база на ДНК на пациенти заразени од тешки и опасни болести.
Фластерот е направен од бројни слоеви на полимер, а кога ќе дојде во допир со кожата, по вбризгувањето содржината, иглите се топат, а фластерот сам по себе ќе падне.
„Микроиглите пробиваат само на површинскиот слој на кожата, фластерот се аплицира низ неколку минути и е најсигурен начин на давање на инекција“, вели професор Дарел Ирвин, кој го води истражувањето.
Ирвин и неговиот тим успешно го тестирале фластерот на луѓе и имаат намера за неколку месеци да го пуштат на светскиот фармацевски пазар.
„Болката кај „примањето на инекцијата“ овој пат може да се спореди со чувството при допир на јазикот на мачката или куче“, вели Ирвин.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top