Free songs
Home / аларм / Топлото време ги зголеми настинките и главоболките

Топлото време ги зголеми настинките и главоболките

Високите температури, го зголемија бројот на настинките, а граѓаните се жалат и на почести главоболки. Денес северниот ветер ќе предизвика повторно промена на времето и мало заладување, а за средина на наредната недела – во вторник и в среда – повторно температурен шок – се прогнозираат плус 26 степени во некои градови во земјата.

glavobolka-300x199Лекарите потврдуваат дека пациентите деновиве најчесто се жалат на настинки.

– Честите нагли промени – утринските температури се движат до минус два, а дневните од 18 до 20 степени влијаат врз граѓаните, а најмногу затоа што несоодветно се облекуваме. Зачестија настинките, кои поминуваат најчесто со лесна клиничка слика со болки или гребење во грлото, со зголемен секрет во носот, а можни се и болки во коските и зглобовите кај дел од граѓаните. Бидејќи времето е убаво, треба да се активираат прошетките и секој слободен момент да се користи за престој, по можност на чист воздух, надвор од градот. Дома почесто проветрување на просториите – вели д-р Христина Лескароска, матичен лекар во скопската поликлиника „Бит-пазар“.

Таа советува дека сите, а особено децата и хронично болните, слоевито да се облекуваат, токму затоа што преку ден е многу топло, а попладне и наутро постудено. Kардиолозите предупредуваат дека поради промената во воздушниот притисок може да се зголеми бројот на мозочните удари.

– Пролетта е период кога кај пациентите се јавуваат кризи поради зголемениот крвен притисок, поради честите промени во атмосферскиот притисок. Ваквите промени водат кон зголемена стапка на мозочни удари. Во однос на миокардните инфаркти, во летните месеци тие се почести кај младите луѓе – вели д-р Дејан Kовачевиќ, кардиолог во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Дневник

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top