Free songs
Home / Болести и лечење / Тестирајте го своето здравје за само 10 минути

Тестирајте го своето здравје за само 10 минути

Овие здравствени тестови може да откријат детали за здрави очи, бели дробови, црева, па дури и работата на тироидната жлезда. За превентива се добри, но, сепак не ги заменуваат редовните систематски прегледи кај лекар.


КРСТ
Станете исправено, а потоа свијте се назад колку што можете повеќе. Тоа ќе го засили контактот помеѓу пршлените, коските и зглобовите. Ако почувствувате силна болка во грбот, веднаш или следниот ден направете детален преглед кој ќе покаже дали има потреба од физиотерапија или  инекции со стероиди кои го намалуваат воспалението.

БЕЛИ ДРОБОВИ
Здравјето на белите дробови можете брзо да го испитате со двеминутно брзо одење или качување по скали додека разговарате со пријател. Вежбањето ги поттикнува белите дробови да работат побрзо. Ако останете без воздух или отежнато дишете, така што ви станува непријатно, време е за лекар. Разговорот за време на качувањето дополнително ги оптеретува белите дробови.

ТИРОИДНА ЖЛЕЗДА
Испружете ги рацете со дланките надолу и ставете лист од А4 формат. Ако рацете треперат, можно е дека тироидната жлезда произведува премногу хормони поради што пулсот се забрзува, а мускулите се грчат. Ако произведува премалку хормони, се забавуваат рефлексите. Ставете  ја потколеницата од едното колено на другата нога, па испружете ја и удрете ја Ахиловата тетива со лажица или некој друг сличен предмет за да ги проверите рефлексите.

САМОПРЕГЛЕД НА ДОЈКИТЕ
За да има ефекти самопрегледот и за да биде успешен, морате да ја запамтите структурата на ткивото на дојката, кога ќе ја допрете со прстите. Така ќе можете да почувствувате некаква промена кај нив. Овој вид на проверка за работа, треба даго правите пред крајот или непосредно по завршувањето на менструалниот циклус, бидејќи дојките се тогаш опуштени.

1. Погледнете ги добро дојките во огледал, особено изгледот на кожата и брадавицата.
2. Тестирајте ја еластичноста на дојките при подигнување на раката, следете го и изгледот на кожата, кога ги мрдате во разни насоки.
3. При преглед на десната дојка, десната рака подигнете ја над главата, а левата ставете ја над брадавиците и мрднете ја дојката.
4. Следете дали има промени на кожата на дојката додека ја мрдате, дали се напнува кожата преку нешто или нешто ја повлекува.
5. Нанесете масло на градите, спојте ги прстите и допирајте ги дојките во седечка и лежечка положба – со десната рака на левата дојка и обратно.
6. За време на самопреглед на десната дојка, десната рака најпрво поставете ја бочно со телото, па подигнете ја над главата.

МОЗОК
Проблемите со координација може да упатуваат кон мултиплекс склероза и ризик од мозочен удар. За да ја тестирате координацијата, седнете наспротив вашиот пријател. Со очи следете го неговиот прст додека го движи лево-десно, и обидете се да го допрете, а потоа допрете го и својот нос. Ако промашите, тоа може да биде знак на невролошки проблеми.

СЛУХ
Со текот на стареење полека но сигурно слабее. За да утврдите во каква состојба е моментално, ви треба рачен часовник со стрелки и просторија без бучава. Едното уво добро затворете го со прстот за да не слушате со него, а покрај другото ставете го рачниот часовник, чии отчукувања добро се слушаат. Слушајте го чукањето на часовникот и полека оттргнувајте го.

Отчукувањата на часовникот треба да ги слушате и кога раката целосно ќе ја исправите, т.е. кога рачниот часовник е оддалечен за целата должина на раката од увото. Откако ќе го тестирате едното, повторете со другото уво. Ако немате соодветен часовник, некој од семејството нека ви шепне нешто, мора да го слушнете и кога ќе се оддалечи на триесет сантиметри. И телевизорот е одличен тест за квалитетот на ушното апаратче, додека тестовите за оваа намена можете да ги најдете и на интернет.

СРЦЕ
Неправилна работа на срцето, значи за пет пати поголема веројатност за доживување на срцев удар. За да го испитате ритамот на срцето, испружете ја раката со дланката свртена нагоре. Средниот прст и показалецот на другата рака ставете ги на наддланката. Кога ќе го почувствувате пулост, со ногата чукајте во ритам на срцето една минута. Ако чукањето во ритам на часовник, работата на вашето срце е во ред.

ЦРЕВА
Забавената работа на цревата може да биде знак на воспаление и гастроентеритис, а поретко тумор на дебелото црево. За да откриете колку долго храната патува низ вашиот дигестивен систем, каснете малку од слатката пченка. Неговата жолта лушпа е несварлива, па ќе можете да го измерите времето на варење. Ако пченката се задржи подолго од 72 часа, варењето е пребавно.

СЛЕЗИНА
Било каква хормонална промена прво ќе се види на лицето, а ако промените секогаш се појавуваат помеѓу веѓите, тоа значи дека црниот дроб не работи како што треба.

Share Button

One comment

  1. ve molam nesto poveke za dlaboka venska tromboza i sto da se prezemi,koi caevi ili nesto drugo,vi blagodaram

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top