Home / природен лек / Сол за природно добро расположение. Но внимавајте може да станете зависни!

Сол за природно добро расположение. Но внимавајте може да станете зависни!

Научниците советуваат дека би требало да додаваме уште повеќе сол во нашата храна бидејќи го подобрува нашето расположение иако знаеме колку таа може да ни наштети.

На Универзитетот во Лова научниците кои работат на студијата за психологија и и однесување, изјавиле дека солта делува како природен антидепресив. Тестовите правени врз стаорци покажале дека оние кои имаат недостаток на сол во исхраната ги прекинале активностите во кои обично уживале – што бил очигледен знак на депресија.

Експертите предупредуваат дека преголема консумација на сол е поврзана со висок крвен притисок.

На организмот потребен му е натриум – тој елемент заедно со хлорот создава сол, но премногу сол го зголемува крвниот притисок што може да предизвика мозочен или срцев удар.

Агенцијата за стандардизирање на храна во Британија тврди дека на возрасна личност не и е потребна повеќе од 6 грама сол на ден.

Психологот Ким Џонсон, која го води ова истражување изјавила дека загубата на задоволството за вообичаени пријатни активности е еден од главните облици на психолошка депресија.

Исто така таа додала дека солта може да предизвика зависност.

Еден од знаците за зависност е користење на некои супстанци, дури и тогаш кога знаеме дека се штетни – па дури и ако луѓето би требало да ја намалат количината на сол, тие го сакаат нејзиниот вкус и сметаат дека засолената храна е блага и продолжуваат да ја јадат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top