Free songs
Home / алтернативна медицина / Терапија со светлина против депресија

Терапија со светлина против депресија

Фототерапијата може да ја намали депресијата, нарушеното спиење, Паркинсовата болест, деменцијата, нарушување на концентрацијата и хиперактивноста

light-therapy-appliancesОдличен начин за ослободување од сезонската депресија, која најчесто се јавува во текот на есента и зимата, може да биде фототерапијата – терапија со светлина. Во неа се користи вештачко светло, пациентот седи во близина на апарат кој емитува светлина слична на природната, согласно со тоа кој период е од денот.

Докажано е дека на овој начин може да се намали депресијата, нарушувањето на спиењето, како и земање антидепресиви и лекови против несоница. Исто така, може да биде и голема помош за бремените жени и доилките со слични проблеми, кои не смеат да користат лекови.

Освен сезонската депресија, терапијата со светлина се покажала одлична и при намалување на различни состојби како што се хронични депресии, лошо расположение, различни нарушувања на спиењето и им помага на лицата кои менуваат смени за да се прилагодат.

Светлосната кутија покажала голем успех и кај пациентите со Паркинсова болест, деменција, нарушување на концентрацијата и хиперактивноста. Фототерапијата може да се користи и за лекување на кожни болести, како што се псоријаза, но тогаш се користи специјална лампа која ослободува филтрирани УВ зраци за да не дојде до оштетување на видот и кожата.

– Голем број депресивни лица на појавата на светлина и ведри денови реагираат потешко отколку кога е темно, тоа е затоа што светлината и сонцето ги пречекуваат со „празни батерии“, бидејќи не се доволно физички активни, тврди доктор Каспер од Медицинскиот факултет во Виена.

Докторот тврди дека ова е една од најевтините и најефективните терапии, бидејќи делува на пациентите во текот на есенските денови, додека се уште имаат сила и волја да и се спротивстават на меланхолијата, па зимата ја дочекуваат подобро расположени.

mia.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top