Free songs
Home / природен лек / Чоколадо – задоволство за здравите, здравје за болните!

Чоколадо – задоволство за здравите, здравје за болните!

Чоколадото го регулира крвниот притисок и ја подобрува срцевата функција, ова го покажуваат двете најнови студии, кои пак се стара вест за производителите на чоколадо!

„Постојат многу истражувања за придобивките од чоколадото, вели производител на чоколадо од Сан Франциско, додавајќи дека особено е корисно поконцентрираното чоколадо.

Во испитувањата направени во Австралија, резултати кај луѓето биле забележани многу брзо по конзумирањето на чоколадото, сепак станува збор за мали промени во крвниот притисок.

„ Се уште немаме цврсти докази за одржливо регулирање на крвниот притисок, мало симнување е забележано за краток период. Доколку на ова се вклучат и други методи на лекување постои голема можност за намалување на ризиците од кардиоваскуларни заболувања, вели Керин Рид од Националниот институт за Интегративна Медицина во Мелбурн.
Ваквите истражувања може да предизвикаат дисбалас во семејствата. Наместо да купуваат за внуците, бабите и дедовците ќе почнат да кријат чоколади за своето здравје. :)

Да уживаме додека можеме, црно му се пишува на чоколадното задоволство. Речиси половина од какаото се произведува во Брегот на Слоновата Коска, а поради немирите во државата голем број производители на какао ја напуштаат земјата. Ова води до топење на резервите на чоколадо во светот. Производителите велат цените на какаото се највисоки во последните 35 години, што е сериозна закана за глобалното производство на чоколадо.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top