Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!
Free songs
Home / алтернативна медицина / Техника за само лечење со полагање на раце

Техника за само лечење со полагање на раце

Таа е безопасна, деликатна, неагресивна, исцелителна техника со полагање на раце, приложувана врз вас или врз другите, која користи духовна енергија за лечење на физички болести, без да вклучува натиск, манипулација или масажа. Но таа е многу повеќе от физичка терапија. Реики е холистичен систем за балансирање, лечење и хармонизирање на сите аспекти на човечкото тело, ум, емоции и дух и може да се користи исто така за потикнување на личното и духовно осознавање и израснување.

РЕИКИ-духовна енергија

РЕИ-Атомосферата на божественото. Означува вишиот интелект, кој го управува настанувањето и функционирањето на вселената, мудроста која иде од Бог.

КИ-енергијата која тече во секое живо нешто-растенија, живоотните и луѓето и која постои во некаков вид во се околу нас дури и во неодушевените предмети.

Најинтересното е дека науката најпосле потврди нешто кое од илјади години е дел од духовната мудрост од многу култури-дека невидлива енергија тече во сите живи нешта и ги сврзува.Таа енергија носи различни имиња во зависнот од културата или духовната традиција, како најпознато е името КИ.

slika1-moni-247x300Доловувањето на АУРАТА е првото нешто со кое треба да се запознаеме за да се вникне во концепцијата за енергијата и животната сила пред да се почуствуваат или евентуално научат да се користат вишите вибрации на лечителната енергија Реики, за да се проникне, пречисти, балансира, и енергизира целото енергино тело.

Тоа е поле од енерија или светлина кое го заобиколува целосно физичкото тело, одозгора,одолу и сите страни. Составено е од седум слоја така што внатрешните слоеви кои се најблизо до физичкото тело се состојат од најгуста енергија, а секој нареден слој е по фин и со повисока вибрација. Повеќето луѓе имаат овална (елипсоидна) аура, која е малку поголема одпозади отколку отпред и се простира над главата и под нозете. Аурата на човекот не секогаш е со еднаква големина и може да се раширува и свива во зависност од најразлични фактори како состојбата на здравјето, емоционалниот или психички баланс во даден момент или колку удобно се чуствувате со луѓето покрај кои се наоѓате.

Таа аура е духовна енергија која ја поседувате од раѓање до смртта. После физичката смрт не може да се засече никаква аура, зошто животната сила повеќе не постои. Најголемиот шок за повеќето луѓе е колку голема може да биде, се разбира таа е различна кај оделните луѓе и се променува секојдневно, но надворешниот слој на аурата може да се простира од 2 до 20 метри. Тоа значи дека кога се во средина на други луѓе нашите аури се преплетуваат и независно дали тоа го чуствуваме или не постојано примаме “сигнали” од нивните аури.

Чакрите

Теоријата за чакрите се гради врз хипотезата дека енергијата се движи рамномерно во нашиот организам. Во седум точки на нашето тело постои концентрација на енергија, која постојано се движи спирално. Овие седум специфични точки се нарекуваат чакри. Чакра (се изговара ча-кра) и е санскритска збор за “тркало”. Нека поразговараме за чакрите.

Постојат 7 чакри:

I чакра: Муладхара

Првата чакра се наоѓа под сакралната коска, во која се наоѓа Кундалини. Основниот аспект на оваа чакра е невиноста. Невиноста е квалитет, благодарение на која што чувствуваме чиста, детска радост, неограничена од предрасуди и обусловености. Таа ни дава достоинство, рамнотежа и чувство за насока и цел во животот. Таа не е ништо друго освен едноставност, чистота и радост. Таа е внатрешната мудрост, која постојано ги придружува малите деца и која кај возрасните често е обвиткана од облаците на современиот живот. И покрај сето тоа квалитет е вечен и не може да биде уништен.

Основни функции на првата чакра: опстанок, сила, одобрување на животната енергија, чистење.

Поврзани органи: дебело црево и ректумот.

Поврзани жлезди: надбубрежната жлезда.

II чакра: Свадистхана

Втората чакра е центарот на креативноста и на чистото знаење. Таа нè поврзува со внатрешниот извор на инспирација и ни овозможува да почувствуваме убавината околу нас. Чистото знаење што таа ни дава, не доаѓа од умот. Тоа е директно чувство на реалноста. По вибрациите на дланките на рацете пример можеме да утврдиме кои од суптилните ни центри се блокирани. Тоа е чакра на чистото, добро внимание и силата на концентрацијата. На физичко ниво таа се грижи за црниот дроб, за бубрезите и за долниот дел на стомакот. Кога ние размислуваме премногу, овој центар ја исцрпува енергијата и излегува од рамнотежа. Тогаш развиваме болести како дијабетис и леукемија.

Основни функции на втората чакра: креативност, создавање на потомство, сексуална функција, зголемување на животниот тонус.

Поврзани органи: дебело црево, мочен меур, бубрезите и половите органи.

Поврзани жлезди: половите жлезди.

III чакра: Набхи и Војдан

Третата чакра ни дава чувство на целосна сатисфакција и внатрешниот мир. Таа е центарот, кој нè прави спокојни и дарежливи, а исто така го подржува нашето духовно израснување. Се наоѓа во областа на сончевиот Сплит. Ни дава и апсолутно рамнотежа на сите нивоа во нашиот живот.

Основни функции на третата чакра: волја, индивидуална сила, варење и апсорпција на хранливите материи.

Поврзани органи: црн дроб, слезината, стомакот и тенкото црево.

Поврзани жлезди: панкреасот.

Основен соодветен нервен центар: сончевиот Сплит.

Војдан е областа околу втората и третата чакра. Во него е содржан принципот на духовното раководство (на гуру). Во многу духовни традиции тој е познат како “океанот на илузиите”, кој може да биде поминат само со помош на духовен учител. Прочистување и воспоставувањето на Војдан ни помага да се ослободиме од нашите лоши навики, од мрзливост, од грубите поврзаности и од сето она што ни заробва на еден или друг начин. Ние стануваме свој господар. Студиите на лажни гуру кои се заинтересирани најмногу од парите но и од тоа како да се добијат повеќе влијание и власт, може да го оштети сериозно Војдан.

IV чакра: Анахат

Четвртата чакра е чакра на срцето. Во неа живее нашиот Дух, нашето вистинско Себе, што е чисто и непроменето од ништо, како сјаен дијамант, скриен во нас и ги набљудува нашите активности. По Себереализацията нашето внимание за прв пат се поврзува со нашиот дух и ние постепено го сфаќаме тоа. Себереализацијата е себеосознавање или свест за вистинската ни природа, односно на нашиот Дух. Ние се ослободуваме од нашето его и обусловеностите акумулирани при минатите ни искуства. Почнуваме да се идентификуваме само со својата вистинска суштина.

На физичко ниво оваа чакра се грижи за срцето и белите дробови. Ако таа биде сериозно блокирана, можеме да развиеме астма или различни срцеви заболувања. Токму од срцето доаѓаат љубовта и сожалување. Тоа е чакра, која ни дава и чувство на одговорност и чистота во нашиот однос кон другите. Централната срцевата чакра ни дава сигурност и доверба. Сите наши грижи, сомнежи и стравови се отстранети кога срцевата чакра е целосно осветли од Реики.

Основни функции на четвртата чакра: љубов; сочувство; имунитет; срцебиење, функциите на белите дробови и бронхиите.

Поврзани органи: срцето и белите дробови.

Поврзани жлезди: тимусот.

Основен соодветен нервен центар: срцевиот Сплит.

V чакра: Вишудхи

Петтата чакра – Вишудхи е чакра на дипломатијата, на комуникацијата со другите и на чувството за необврзаност. Тенденциите да доминираме над другите и да се чувствуваме доминантност од некого, комплексите за малоценост. Тоа е чакра, која ни помага да се чувствуваме врската со остнатите луѓе со целиот универзум, да чувствуваме дека сме дел од целото, а не изолирани субјекти.

Основни функции на петтата чакра: високо креативни и комуникација.

Поврзани органи: гласни жици.

Поврзани жлезди: тироидната жлезда.

VI чакра: Агнја

Шестата чакра е чакра на прошката и сожалување. Прошката е моќта да се ослободиме од гневот, од омразата и иритација и да откриеме смиреност, благородност и великодушноста на Духот. Оваа чакра го раствара нашето его и обусловеностите, нашите лоши навики, расистичките ни идеи и сите наши погрешни идентификации. Таа е тесната врата, која го отвора патот за нашето сознание да достигне крајната цел, односно седмата чакра. Ако гледаме порочни работи или сме егоцентрични, оваа чакра се оштетува. Кога го набљудуваме небото, земјата, природата, таа се брише.

Основни функции на шестата чакра: висок интелект, јасновидност, интуиција, изострен слух.

Поврзани органи: мозокот.

Поврзани жлезди: хипофизата.

VII чакра: Сахасрара

Седмиот центар, Сахасрара е чакра која ги обединува сите други центри и соодветните им квалитети. Таа е последниот еволутивен чекор во човековото знаење. Денес ние се наоѓаме на нивото на оваа чакра и нашето сознание може лесно да влезе во една нова димензија на перцепцијата, што е надвор од нашиот ограничен ум и концепти. Тоа е директно чувство на Реалноста преку централниот нервен систем.

Основни функции на седмата чакра: космичка свест.

Поврзани органи: мозокот.

Поврзани жлезди: епифизата.

Кога дадена чакра е здрава, урамнотежена и отворена такви се и сврзаните со неа телесни делови, но ако чакрата е блокирана, повредена или затворена тогаш здравјето на соодветните телесни делови и системи започнува да го одразува. Нашите чакри исто како аурата ни, се под дејство на се што ни се случува како добрите така и лошите нешта.

Секоја негативна мисла, за која сте се сетиле некогаш, секој негативен збор што сте го изговориле ќе се одрази на аурата ви и на целото енергино тело, иако обично тие се трајни само ако негативните мисли и зборови се повторуваат често.Само големите трауми и значајните негативни преживувања имаат возможност да го нарушат енергиното ви поле преку нашата нормална способност да го излекуваме.

Потенцијалот за лекување со Реики е неограничен, затоа секој може да се лекува, но треба да ги отстраните конкретните очекувања за тоа што ке постигнете и колку брзо ке се појави.

Реики не е гарантирано лекарство, зошто лекувањето не е едно исто нешто со изцелувањето.

slika2-moniЛекувањето не е нешто кое се случува таму некаде, нешто кое некој друг ви прави. Всушност има само еден лечител на телото ви и тоа сте вие затоа што вашето тело поседува механизмите да се излекува, така се што може да направи другиот човек било да е лекар, медицинска сестра, терапевт или Реики лечител е да го активира на некаков начин природниот процес, било преку традиционални или алтернативни средства. Причините за секоја сериозна болест се комплексни и многу слојни. Лекувањето не е просто севкупност од физички процеси, тоа го засега целиот човек –тело, ум, емоции и духот. Многу векови западната култура го гледаше здравјето и лекувањето од чиста физичка гледна точка-био-медицинскиот модел за здравје. Нарекува се уште и традиционална медицина и го гледа телото како машина, како сложна севкупност од системи и хемикалии, затоа болестите и заболувањата се просто дисфункции кои треба да се поправат од “специјалист”.

Користените методи се разбира се физички: хемикалии под форма на апчиња, инјекции или спрејови, мали или поголеми операции, физички манипулации и други такви лекувања кои се концентрират единствено на физичките симптоми и обрнуваат внимание само на физичките причини.

Од таа позиција луѓето се гледаат како беспомошни жртви на бактерии или на вируси, на лошите гени или просто на лошата судбина или на несреќните околности и човекот не се лекува како цело, зошто телото се гледа како оделна единица без врска и зависност со умот и емоциите….но точно ТИЕ каде се овде во целата ситуација. Ние сме дух со човечко искуство, не човечки суштества со духовно искуство. Ништо нема да се промени додека не го промените умот.

Кога имаме главоболка, се разболиме од грип, или нешто по сериозно нашето тело се обидува да ни каже нешто, се обидува да не натера да го разбереме сигналот и да направиме нешто за него. Но токму тоа е тешкото, зошто ние не секогаш го разбираме јазикот на телото, а некои личности воопшто немаат представа за него, затоа значењето му се губи. Првиот ви приоритет е да се запрашате ЗОШТО боледувам..?

За да го обопштиме овој метафизичен поглед: Секоја болест, заболување или повреда ви носат порака и колку посериозна е болеста или траумата толку по сериозна и неодложна е пораката. Ништо не е случајност. Секое преживување е добро и содржи некаква ценета информација за вас дури и нај ситните нешта како да си направите исекотина на прстот додека сечете зеленчук. Зошто се расеавте? За што мислевте во тој момент? Од што ве “боли”? Вашето тело ви изпраќа пораки секој ден за да ви посочи дека нешто не е како што треба во во вашиот живот, за да ве натера да забележите дека се движите во погрешна насока или да ви го привлече вниманието за фактот дека треба да ги научите лекциите кои ги игнорирате. Бедата е што не зборуваме на еден ист јазик и особено ако сметаме дека секој инцидент е случаен, секоја болка е просто нешто од кое треба да се избавиме и секоја болест е некакво неудобство кое треба да се истрпи додека помине. Пример од метафизична гледна точка пораката се разгледува на причино-последично ниво, затоа стомачната болка може да покажува дека во животот неможете да “смелете” нешто, а тоа може да биде начинот на кој се однесува со вас шефот или колегите од службата, но штом болката помине вие се враќате на работа и продолжувате напред. Реики обично ублажува такви физички симптоми доста брзо, но бидејки работи на причино-следствено ниво ќе го олесни изпливувањето на површината на нештата што се коренат во основата на физичкиот проблем. Реики може да се спореди со отварањето на врата накај Божественото.

Реики ќе го задвижи процесот на ослободување на блокадите и пречките во енергиниот систем, бавно и систематично дејствува на се подлабоки и подлабоки пластови од блокирана и застојана енергија, причинета од потиснати или заровени негативни и штетни мисли, емоции и убедувања.

Кога тие блокади ке бидат разбиени и отстранети се појавуваат на површината на вниманието. Тоа често значи дека одеднаш во умот изпливуваат спомени за минати случувања или пак започнувате да сонувате многу живо соништа. Понекогаш дури е возможно да се повторат минали ситуации и да ви се стори дека разни стари проблеми со кои уште не сте се преборили ви се враќат и ве тормозат. Но дури и тоа да ви се случи тоа е само за да ве натера да ги сретнете лице во лице и тогаш изчезнуваат.

Тоа е необходниот дел од процесот на ослободувањето и спомените, соништата и ситуациите изпливуваат за да ви дадат возможност да ги излекувате и да се поучите од нив. Тоа нормално е продолжителен процес бидејќи неможете да се ослободите за една ноќ од натрупаната со години блокирана или застојала енергија. Но во текот на процесот, со текот на неделите, месеците и дури годините ќе сватите дека се чуствувате подобро отколку дотогаш, полесни и енергични, помалку загрижени за мислењето на другите, во хармонија со сопствените чувства и по среќни од себе си и од животот.

Реики помага на луѓето на секоја возраст и со секаков здравствен или предизвикан од стресот проблем, но не е задолжително да сте болни за да се подложите на Реики сеанс.

КОЛКУ СЕАНСИ?

При по ситните здраствени проблеми или за ослободување од стресот и за релаксација една до две сеанси, се доволни. Сериозните болести обично бараат повеќе сеанси, а после тоа е добра идеја да се прават и профилактични сеанси на секој 2-3 месеци, за да ги одржувате енергиите во рамнотежа.

ПРОМЕНА

Тоа што го мислиме, кажуваме и чуствуваме сега во тој момент, во времето ја создава нашата иднина. Во тој контекст нашите умови и тела не прават разлика меѓу вистинската и имагинарната реалност. Така да ако ги промените мислите ќе ја промените и иднината. Сите ние сме ценети и специјални, и сите ние влијаеме заемно по најразлични начини, затоа треба да ја почитуваме секоја работа која ја имаме изберено и да се почитуваме себе си така што вложуваме максимални сили за да извлечеме задоволство од неа.

Автор: Кукурику.мк

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top