Free songs
Home / нови лекови / СЗО потврди дека медицинската мархиуана нема штетни последици

СЗО потврди дека медицинската мархиуана нема штетни последици

Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека медицинската марихуана нема штетни последици по здравјето.

После долги години претпоставки за можни нуспојави, СЗО објави дека активниот канабиноид ЦБД во медицинската марихуана не влијае штетно на здравјето, туку е полезен за лекување епилепсија и во палијативната нега.

ЦБД не е ниту опасен, ниту предизвикува зависност, наведе СЗО во извештај објавен вчера.

– Зголемен е интересот на американските сојузни држави за употреба на канабисот во медицински цели, вклучувајќи ја и палијативната нега. Како одговор на тој зголемен интерес СЗО во последните неколку години собра силни докази за медицинската употреба и нуспојавите од канабисот и неговите состојки. Новите докази собрани со испитување на животни и луѓе покажуваат дека употребата на канабисот има терапевтски ефект на епилептични напади и поврзани состојби, стои во извештајот.

Светските медиуми заедно со оваа информација го цитиртаат Раул Елизалде, татко од Мексико кој се бореше за легализација на медицинската марихуана за да и помогне на својата ќерка која имала стотици напади секој ден, кој е воодушевен од веста.

– Пресреќен сум што водечките светски здравствени експерти се согласуваат дека ЦБД има терапевтски ефект на различни медицински состојби, изјавил Елизалде за „Маил Онлајн“.

Компанијата Лифлај, која стана најголем светски извор на информации за медицинската марихуана, објасни дека ЦБД за разлика од ТХЦ не е психоактивна состојка и има потенцијал за примена во лекувањето на многу состојби и болести.

– Постојат докази дека ЦБД може да има невропротективни, антиифламаторни и аналгетски својства, и потенцијална терапевтска вредност во лекувањето на пореметувања како што се депресија, анксиозност и зависност, наведува Лифлај (Leafly).

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top