Free songs
Home / сведоштва / Сведоштво: Итно отстранете ги црните пломби – еве зошто!

Сведоштво: Итно отстранете ги црните пломби – еве зошто!

Експертите веќе со години предупредуваат за опасноста на амалгамските, односно црните пломби. За среќа, во последно време почесто се користат белите пломби, но доколку на вашите заби се уште имате амалгамски, одете на стоматолог да ви ги сменат.

plombiЏамила Џами (29) , поранешна британска моделка и тв-презентерка, е позната по својата убава насмевка. Сепак, таа верува дека интервенциите кои довеле до нејзината совршена насмевка биле виновни за нејзината лоша здравствена состојба. Џамила верува дека пломбите и направиле голем здравствен проблем.

– Од 21-та година често ми се случуваше да се разбудам наутро надуена и да се чувствувам мамурна, иако претходната вечер немав пиено алкохол. Мојата глава беше тешка и бев постојано преморена. Имаше денови кога ќе дојдев на работа, а шминкерите ќе ме испратија дома затоа што изгледав грозно“.

По неколку месеци, таа се обратила на приватен доктор. Првите резултати покажале дека Џамила има зголемено ниво на жива  во телото. Откако сите други причини поради кои би можело да и се зголеми нивото на овој метал во организмот биле исклучени, докторите дошле до заклучок дека проблемот се пломбите кои и ги ставиле уште во детството.Таа имала 10 амалгамски пломби.

zabarЏамила тие пломби ги заменила со бели пломби, а потоа имала слични симптоми уште некое време.

Амалгамските пломби sодржат метали како што се сребро, бакар, алуминиум, цинк и жива. И покрај познатиот факт дека содржат и до 50% жива, во повеќето земји во светот се` уште се сметаат безбедни за здравјето.

Иако, застапниците на амалгам признаваат дека со тек на време може да дојде до испуштање на испарувања од жива кои со вдишување се апсорбираат, главно во белите дробови, а потоа преку крвта допираат и до сите органи, Живата е опасен канцероген отров погубен за имунолошкиот систем.

ваквите пломби и понатаму се користат, освен во Данска, Норвешка и Шведска.

Многу стоматолози ги користат затоа што механички се поотпорни и се двократно потрајни од белите пломби. Можат да траат од 10 до 15 години, а под нив да не се создаде кариес. Најголемата предност е во нивната цена. Тие се најевтини, па така им се достапни на сите. А се ставаат на задните заби за да не се гледаат – бидејќи се естетски непривлечни.

Многу истражувања покажуваат дека амалгамската пломба може да биде многу опасна и виновна за болести како што се аутизам, Алцхајмерова болест, мултиплекс склероза… и дека под итно треба да се извадат.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top