Home / сведоштва / Судот му дозволи на Марин да се лекува со марихуана

Судот му дозволи на Марин да се лекува со марихуана

Марихуаната е лековито растение, тоа е факт. Мојот случај не е единствен, но државата не е подготвена да создаде правни механизми за сите на кои им треба, вели Марин Kалчев (32), кој стана првиот Бугарин кому судот му дозволи да одгледува канабис за медицинска цел. Kомпјутерџијата од Ловеч има мултиплекс склероза. Одлуката судиите ја донесоа врз основа на тројна експертиза, која докажува дека канабисот дејствува лековито.

656F3FF782F745429A0FE918150BCBE0– Брзо станав медиумска ѕвезда. Откако ја донесоа пресудата, постојано ми ѕвонат медиуми. Не знам каде беа досега. Цела година се обидував да се објаснам дека не сум престапник, ами човек со дијагноза, на кого марихуаната му помага – вели Марин во репортажата за „24часа.бг.“

Во април лани дома му дошле двајца полицајци.

– Знаев дека некој близок ме поткажал. Полицајците се однесуваа пристојно, ги поканив, пиеја кафе, па им ги покажав двете саксии со канабис. Според процедурата, ги земаа и си отидоа. По неколку месеца, ме викнаа во суд и почна филмот – вели Марин.

Во 2002 година тој ја добил страшната дијагноза за мултиплекс склероза, подмолното невродегенеративно заболување што има автоимун карактер. И покрај оптимизмот, Марин не можел да ги избегне мускулните спазми, карактеристични за заболувањето. На 12 февруари Регионалниот суд во Ловеч назначил тројна експертиза, која би докажала дека канабисот има благопријатното дејство. Експертите биле категорични дека користењето на марихуаната ја подобрува здравствената состојба на Kалчев, го намалува чувството на умор, но и вкочанетоста при физички напор, но влијае и позитивно на општата состојба. 

FE_PR_080522marijuana425x283-300x199Имал само 20 години кога дознал за болеста и пожртвувано барал начини за да си помогне. Размената на информации преку интернет со други болни го просветлила. Од 2009 година Марин почнал да го користи наркотичното растение или во форма на раствор или како цигара. Набргу забележал дека канабисот влијае на мускулниот умор, а му се подобрило и расположението. И лекарите констатирале дека состојбата му се подобрила за 40 отсто.

– Бев убеден дека сум правичен. Ми стана непријатно кога на првото рочиште во обвинителниот акт бев наречен дилер на наркотици. Адвокатот ме смири дека станува збор за уникатна ситуација и дека ќе се борат за да го докажат медицинското значење на канабисот – вели Марин.

Пет години набавувал „трева“ на улица, но се чувствувал како престапник. Решил да престане да се крие, а и му било бесмислено да дава многу пари за нешто што може да го одгледува дома. Засадил две семиња во саксии. Откако полицијата му ги одзела, случајот станал популарен и била организирана група на „Фејсбук“ за заштита на Марин.

Aileen Burger– Многу е важно да знаеш дека не си сам. Видов како едно општество се обединува за мојата кауза и тоа ми даваше сила. На моменти дури ја заборавам дијагнозата. Посакувам и другите како мене да имаат слобода да се лекуваат со канабис. Обединети сме во каузата „Марихуана за медицински цели“ и подготвени сме да излеземе со проект за законодавни промени – вели Марин.

Според него, полесно да се преземе готов модел од Холандија, Германија или од друга европска земја. Марин е благодарен на досегашната поддршка. Телефонот постојано му ѕвони за да го поздрават. Вели дека сака да остане да живе во Бугарија. Можел да замине, но не го направил тоа зашто сака да го гледа својот шестгодишен син како расте.

Dnevnik.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top