Free songs
Home / Болести и лечење / Старечки флеки: Отстранување и первенција

Старечки флеки: Отстранување и первенција

Староста обично оди рака под рака со голем број здравствени проблеми, но и некои козметички, меѓу кои се и старечките дамки. Тие се појавуваат обично по 40-годишната возраст, најчесто на лицето и рацете, поретко на вратот, рамената и други места по кожата.

starcheski-petna-16959-500x334Старечките дамки се вид на кожна пигментација. Се појавуваат како резултат на  задржување на токсини. Старечките дамки претставуваат прекумерна акумулација на меланин во клетките на кожата. Обично се само во една тоналност (без нијанси) – сивкасти, кафеави или светло беж. Имаат правилни и јасни црти, а на допир се обични, без да се менува релјефот на кожата. Не ги мешајте старечките дамки со меланом (рак на кожата). Кај нив дамките се со нијанси а и со нејасни контури.

Флеки – отстранување и превенција

Отстранување на флеките е тешко, но не и невозможно. Има креми за избелување кои можат да ги осветлат  дамките, како и процедури со интензивни светлосни импулси, со цел да го збунат натрупувањето на меланин. мезотерапија , хемискиот пилинг и криотерапија се исто така опции за отстранување на флеките. А за најпознатите ефикасни методи  во борбата со нив се смета козметичката хирургија. Но, за да не прибегнува кон неа, подобро преземете превентивни мерки против појава на флеки.

starcheski-petna-2-16961-500x334Намалете ја изложеноста на сончева светлина. Прекумерното изложување на сонце во младоста може да има негативно влијание на кожата во постарите години. Сонцето е најголемиот виновник за забрзаната појава на нови и нови флеки по кожата. Затоа е важно да користите заштитен фактор  не само на плажа под чадорот, туку и низ сите сончеви денови на годината (особено при сончево и снежно време во планината, каде што сонцето е особено силно).

Хидратирајте ја  кожата секојдневно, а исто така  користете и маски за лице, за нега на кожата.

Пијте многу вода, земајте повеќе антиоксиданси (особено бета-каротен, кој помага против ефектите врз кожата од сончевите зраци) и витамин Ц.

365.com.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top