Free songs
Home / Болести и лечење / Спречете навреме: Како да препознаете труење со храна

Спречете навреме: Како да препознаете труење со храна

Труењето со храна е често заболување налето, а се јавува како резултат на внесување храна што содржи бактерии, паразити, вируси или токсини создадени од микроорганизми.

hrana22– Треба да се внимава и со храната во која се користат живи јајца, како домашен мајонез и слатки. Доаѓаат пациенти што си направиле проблем откако јаделе лошо термички обработени јајца, без разлика на тоа дали се пржени или варени. Тие не треба да се јадат ровки, а ако се варат, треба да се тврдо сварени. Се случува и пациенти да јаделе жив суџук, или лошо термички обработен, па да побараат лекарска помош – вели д-р Сања Петрушевска-Маринковиќ од Клиниката за инфективни болести.

Генерално, кај нас најчести се стафилококните труења (ги предизвикуваат стафилококни ентеробактерии), како и оние од салмонелози (од салмонела).

Како се препознава труење?

Токму повраќање, проливи, треска и висока телесна температура се симптомите по кои се препознаваат можните труења со храна. Освен за децата, труењето може да биде опасно и за постарите, бремените и хронично болните. Симптомите може да се појават и по 72 часа откако сте јаделе од заразената храна. Лекарите овие труења ги делат на алиментарни интоксикации (стафилококните труења) и на токсоинфекции (често – салмонелози).

stomak-300x201– Алиментарните интоксикации се проследени со повраќање, без температура и со една-две кашести столици. Тогаш на организмот му е потребна рехидратација. Токсоинфекциите, пак, предизвикуваат главоболка, треска, покачена телесна температура, повраќање и поголем број столици. Поради губиток на вода во организмот често е потребно болничко лекување – вели д-р Петрушевска-Маринковиќ

На лекар, додава таа, треба да се јавите штом ќе почувствувате слабост.

Како се пренесуваат?

Лекарите советуваат при купување или користење храна да се одбере онаа што е свежа и здрава, да се одбегнува оштетената и расипаната, а и таа да е безбедно произведена и да се продава во објекти што исполнуваат услови за нејзино хигиенско чување.

Преку јајцата или месото често се пренесува салмонела, а со бајата компир-салата бацилус цереус. Тие се само дел од микроорганизмите што може да му направат голема беља на организмот, а да бидат кобни за слаби имунитети. Салмонелозата е инфекција од салмонела. Болните најчесто добиваат треска, повраќање, пролив, болки во стомакот. Се добива од храна што била во контакт со животински фецес, а на око изгледа сосема исправно. Бацилус цереус е вид бактерија што создава токсини. Овие токсини може да предизвикаат два вида болест: еден вид се карактеризира со пролив, а друг со гадење и повраќање. Овие бактерии се присутни во храната и можат да се размножуваат брзо на собна температура.

Причинител на труење е и бактеријата стептококус ауреус. Таа може да се шири при контакт со рака, кашлање или кивање од човек што ја има. Лекарите ја споменуваат и ешерихија коли, која е позната како фекална бактерија, а проблеми прават и рота-вирусите, кои може да се пренесат преку сурова храна кога готвачот е заразен.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top