Home / аларм / КОЦКИТЕ МРАЗ: Полни се со смртоносни бактерии – еве што може да ве снајде!

КОЦКИТЕ МРАЗ: Полни се со смртоносни бактерии – еве што може да ве снајде!

Доктор Притиш Тош, експерт за заразни болести од клиниката Мејо и Мартин Бакнаваге од универзитетот во Пенсилванија објаснија за Хафингтон пост кои опасности демнат од коцките мраз.

1. Бактерии

Коцките лед можат да бидат загадени кога се направени од загадена вода. Чистотата на водата се проверува, но водата може да се загади и во уредите за правење мраз.led mraz casa

Една студија од 2011. година во Лас Вегас утврди дека 33.3 отсто од примероците мраз земени од ледоматите во угостителските објекти имаат повеќе бактерии отколку што е дозволено за пивка вода, а 72.2 отсто од примероците биле позитивни на колиформни бактерии.

Не е необично, се сложуваат експертите, да разни бактерии се размножат во ледоматите, но и куќните замрзнувачи. Најлош е проблемот, вели др. Тош, што заразата од мразот може да се прошири и на другите намирници како месото. Би требало да се проверува санитарната исправност на ледоматот, како и било кои други уреди кои се во контакт со храна и пијалоци.

2. Мувла

Најголем проблем, сепак, е мувлата. Плесан, вели Бакнаваге, често може да се најде во ледоматите во рестораните, а може да настане и во фрижидерите во домаќинствата. Секако, ниската температура во замрзнувачите го отежнува развојот на мувлата, а проблемот настанува кога замрзнувачот често се исклучува од струја.

Сопствениците на угостителските објекти би требало да се погрижат за да ги исчистат своите ледомати.

– Ако замрзнувачот некое време бил исклучен, пред употреба мора да го исчистите, вели Бакнаваге.

3. Бактерии од нечисти раце може да се пренесат на мразот

Во Сад 15-годишно момче почина од бактерии од заразен мраз, а тоа би можело да се спречи само со миење на рацете. Дебра Хафман, микробиолог од универзитетот Јужна Флорида, по таа трагегдија, за Ен-Би-Си изјавила дека повеќето не се свесни за ризиците од нехигиената и дека поради нечисти раце може да се умре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top