Home / аларм / Што се случува во организмот на едно дете кое по грешка или случајно ќе испие лек за возрасни?

Што се случува во организмот на едно дете кое по грешка или случајно ќе испие лек за возрасни?

Едно апче за срце во комбинација со седатив може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај мало дете. Доколку веднаш не добие лекарска помош, исходот може да биде фатален. По приказна на Сител кога лекарите од Детска клиника едвај го спасиле животот на мало момче кое од љубопитност испило повеќе видови на лекови што ги пронашло во торбата на бабата, токсиколозите со предупредување – Ако една доза лекува, друга може да биде смртоносна.

– Едно апче лекува, две веќе се токсични а пет смртоносни. Тоа е така кај лековите што се за кардиоваскуларни заболувања. Потребна е голема претпазливост и мора веднаш да побараат помош за да бидат преземени мерки за чистење на токсините, вели Андон Чибишев.

Чибишев вели дека кај пропишувањето на лековите мора да внимаваат и лекарите и оние кои ги пијат. Освен што можат да бидат опасни за децата, нивната злоупотреба има фатален исход и кај возрасните.

-Мора многу да се внимава со дозите и точно да се определи колку смее еден човек да пие од лекот. Настануваат проблеми и од одредени лекови за кардиоваскуларни на пример може да дојде до забрзување на срцето а од седативи до прекин на мозочната функција, вели Чибишев.

Ако децата тоа го прават од љубопитност, возрасните посегнуваат по поголема доза на лекови со намера да си го одземат животот.

sitel.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top