Free songs
Home / аларм / Што се случува со вашето тело кога ќе престанете со пушењето?

Што се случува со вашето тело кога ќе престанете со пушењето?

Погледнете ги позитивните промени кои ќе се случат ако престанете да пушите. Престанете и видете самите.

За 20 минути вашиот крвен притисок ќе се симне во нормала.

За 8 часа нивото на јаглерод моноксид (отровен гас) во вашата крв ќе се намали за половина, а нивото на кислород ќе се врати во нормала.cigari

За 48 часа шансите за добивање на срцев удар ќе се намалат. Целото ниво на никотин ќе излезе од вашето тело и чувството на мирис и вкус ќе се зголеми.

За 72 часа, вашите дишни патишта ќе се релаксираат и нивото на енергија ќе се зголеми.

За две недели циркулацијата на крвта ќе се зголеми и ќе продолжи да се подобрува во следните 10 недели.

За 3-9 месеци, кашлањето, тешкото дишење и целокупните респираторни проблеми ќе се намалат како резултат на зголемениот капацитет на вашите бели дробови за 10%.

За 1 година ризикот да доживеете срцев удар ќе се намали двојно.

За 10 години шансите за развој на рак од бели дробови станува ист како за непушачите.

За 15 години ќе имате еднаков ризик да доживеете срцев удар, како и секој непушач.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top