Free songs
Home / аларм / Шишиња од кои не смеете да пиете вода

Шишиња од кои не смеете да пиете вода

Сите ние, особено во топлите денови. посегнуваме по првото пластично шише што ќе ни дојде под рака и во него точиме вода, за да ни се најде. Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале колку е безбедна пластиката од која пиете вода?
plasticni-sisinja-voda-otrovni-300x150На дното од секоја пластична амбалажа се наоѓа триаголник со број во средина, а под него е ознаката која ви открива колку е опасна пластиката која ја држите в раце. Кога ќе го прочитате овој текст редовно ќе ги проверувате ознаките на шишето, кои изгледаат вака:

Овие шишиња фрлете ги по употреба

Голем број пластични шишиња од обична, минерална вода, газирани и негазирани пијалаци ја имаат ознаката PET или PETE (број 1 во триаголникот). Важно е да знаете дека овие шишиња се наменети за еднократна употреба. Постои можност со секое ново полнење пластиката во водата да испушта тежок метал антимон, хемиско соединување ЕПА, кое го попречува дејствувањето на хормоните.

Оваа пластика е безбедна

Оваа пластика ќе ги препознаете по ознаките HDP (или HDPE), LDPE и PP или по броевите 2,4 и 5. LDPE е вид пластика која најчесто главно не се користи за изработување шишиња, туку за ќеси за пакување продукти. HDP е исто така добар избор, како и РР која најчесто се користи за чаши за јогурт и е со бела боја.

Оваа амбалажа избегнувајте ја

sisinja plastikaТоа е пластика со ознаките PVC (понекогаш и ознака 3V), PS и PC (често и без ознаки) или по бројчињата во триаголникот – 3, 6 и 7.
PVC испушта две опасни хемикалии, кои го попречуваат работењето на хормоните во организмот. И покрај тоа, оваа пластика се користи за производство на шишиња.

PS во водата испушта канцерогена материја – СТИРЕН. Најчесто се користи за пластични чаши за кафе, за еднократна употреба или за амбалажа на брза храна.

PC (или без ознака – бр. 7) е најлоша пластика за амбалажа за прехранбени продукти бидејќи ја испушта опасната хемикалија BPA (Бисфенол А). За жал, се користе за амбалажа за шишиња за бебиња, шишиња за спортисти и садови за приготвување на храната.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top