Free songs
Home / Болести и лечење / Шест менструални проблеми кои не смеете да ги игнорирате

Шест менструални проблеми кои не смеете да ги игнорирате

Иако ниту еден од нас не би му пречело некој менструален циклус едноставно да отсуствува, ваквите ирегуларни симптоми не би требало да се игнорираат. Прескокнатиот циклус, намаленото или обилното крвавење можат да бидат знаци за некој посериозен проблем.

Следните шест симптоми се знак дека итно треба да посетите гинеколог:

rak-na-jajnici1. Ненадејни и интензивни грчеви

Ако имате грчеви кои ви предизвикуваат неподнослива болка, можеби патите од ендометриоза. Ендометриозата е состојба во која клетките кои растат внатре во матката почнуваат да растат и од надворешните страни на матката, што предизвикува ненормална болка. Симптомите можат да се јават било кога, а повеќето жени на кои им е дијагностицирана оваа состојба имаат историја на болни менструации уште од младите денови.

2. Отсуство на менструален циклус

Ако две и повеќе менструации изостанат (а сте сигурни дека не сте бремени) за тоа може да бидат причини некои не толку добри работи. Причини можат да бидат следните состојби: хормонален дисбаланс, проблеми со тироидната жлезда, претерано вежбање или диета, стрес или прерана менопауза. Покрај класичниот преглед, вашиот гинеколог би можел да направи тест на крвта и да го провери вашето ниво на хормони, и дали имате полицистични јајчници (состојба која ја предизвикува зголеменото ниво на машки хормони). Ако менструацијата отсуствува, а потоа дојде до крвавење помеѓу циклусот, може да станува збор за вонматерична бременост – вели д-р Мима Фазлагиќ, гинеколог.

3. Обилно крварење

Ако користите таблети како средство за контрацепција, обилното крвавење меѓу циклусите е нормално. Сепак не е лошо да посетите лекар. Ваквото обилно крвавење може да значи дека имате цисти на јајниците и присуството на канцерогените клетки.

4. Неподносливи симптоми на ПМС

Доколку чувствувате неконтролирана желба за храна, анксиозност, депресија, промени на расположението, бес и губење контрола над сопственото однесување можно е да страдате од предменструално дисфорично нарушување. Оваа состојба е многу полоша од класичниот ПМС.

5. Крвавење или циклус кој трае повеќе од десет дена

Ако ја менувате влошката на секој час тоа значи дека имате прекумерно крвавење. Ова може да биде знак за многу проблеми како фиброиди кои можат да предизвикаат анемија.

6. „Полудени“ хормони

Ако страдате од астма и голема е веројатноста да се чувствувате лошо една недела пред циклусот. Предменструалната магнификација е феномен според кој состојбите како дијабетес, депресија и артритис се влошуваат во текот на менструацијата. Разговарајте со својот доктор за лековите кои би требало да ги пиете пред циклусот, а кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top