Free songs
Home / аларм / ШЕЌЕРОТ го разорува организмот, го предизвикува и храни ракот! ВИДЕО

ШЕЌЕРОТ го разорува организмот, го предизвикува и храни ракот! ВИДЕО

Шеќерот и пченкарниот сируп, со високо количество на фруктоза (HFCS), не се наоѓаат само во безалкохолните пијалаци, колачи и слатки, Исто така се „скриени“ во повеќето од храната што се обработува, на пример зачини и сосови.

Понекогаш, најслатки состојки во тие намирници, се маскирани како дектроза или пченкарен сируп, кој веројатно е генетски модифициран, наместо вистински шеќер.

Значи, заклучокот не е тешко да се изведе, шеќерот е присутен насекаде и во стандардната исхрана. Храната од продавница, киоск за брза храна, па дури и во ексклузивните ресторани, обично е преполна или со шеќер или со HFCS.

Високата фруктоза која содржи пченкарен сируп стана најчестиот засладувач, бидејќи е поефтин и посладок од обичниот шеќер. Многумина кажуваат дека тој е полош по здравјето на човекот. Големата количина на HFCS заминува право во црниот дроб, пред да се метаболизира било каде во вашиот организам. Она што не се искористува како енергија од HFCS, се таложи како сало во вашето тело.

Дури и во некои инстант детски формули е најден шеќер или HFCS, во еквивалентни количини кои ја имаат лименката од сода. Значи, децата се навикнуваат на шеќер уште од раѓање. Откако шеќерот стана вообичаена роба во секое домаќинство во 18-ти век, потрошувачката на шеќер пораснала енормно. Од 4 кг. по лице годишно, сега се троши околу 90 кг. шеќер годишно. Потребата од HFCS скокнала над 10.000%, од неговото воведување во преработената храна и пијалоците, 1970 год.

Очигледно имаме закана. Сега заканата е поголем од било кога порано. Во економски развиените земји, отприлика, една третина од жителите се дебели, а другата третина имаа претерана тежина.

Ако се храните со диета, која содржи ниско количество маснотии, тоа само ќе му наштети на вашето здравје.

На нашето тело му е потребна природно ниво на маснотии

Заканата со претераната тежина може да доведе до влошување на здравјето, и болест дијабетес. Тие исто така може да предизвикаат болести на бубрегот. А ако продолжите да се исхранувате исто, тоа сигурно ќе ве одведе кон висок крвен притисок, артериосклероза, срцеви напади и инфаркт.

Зголеменото внесување на HFCS се совпаѓа со порастот на болести, таканаречени безалкохолни масни заболувања на црниот дроб. Многумина се склони да направат уште поголеми грешки штетни за своето здравје, кога се обидуваат да се отарасат од шеќерот. Тие целосно го елиминираат шеќерот или пченкарниот сируп од употреба за исхрана, заменувајќи го со вештачки засладувач, кој се нарекува аспартам. Тоа доведува само до замена на проблемот во вашиот организам, и наместо физички, добивате невролошки проблеми, а во меѓувреме, добивате и понатаму на тежина.

Можете да го користите шеќерот направен од билката Stevie, како здрава замена за шеќер.

Уште една од поголемите грешки што можете да ја направите е да престанете да јадете слатки и пиете класични сокови преполни со шеќер, додека продолжувате да се храните по ресторани со брза храна или правите оброци дома со месо што е веќе обработено.

Треба постепено да прекинете со потполно таканаречена американска исхрана, како што е преработеното месо, оброци со брза храна, бидејќи повеќето од нив содржат шеќер или HFCS.

Научните истражувања утврдуваат дека потрошувачката на многу шеќери или HFCS, доведува до рак. Анаеробните клетки на ракот напредуваат со помош на шеќерот. Зависат од ферментирата глукоза (шеќер) за и понатаму да имаат енергија, зашто ја изгубиле способноста да се метаболизираат со кислород.

Тоа е една од причините заради што алтернативните терапевти строго забрануваат конзумирање на шеќер. Се разбира, ни онколозите по болниците го зборуваат истото. Треба да се гледа малку пошироко, сите ние содржиме клетки од рак во организмот, кои не се развиле во тумор.
Природната фруктоза и овошјето се во ред. Меѓутоа, високиот процент на додадениот шеќер HFCS ќе ги охрабри клетките на рак и ќе предизвика други здравствени проблеми, кои се веќе споменати.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top