Free songs
Home / аларм / Се враќаат ли болестите за кои има вакцини?

Се враќаат ли болестите за кои има вакцини?

Ќе се вратат ли болестите против кои има вакцини, од кои некои дури и се искоренети. Ова прашање посебно се актуелзиира откако за неполн месец во земјава пет луѓе се разболеа од мали сипаници.

vakcinaЕпидемиолозите, иако велат дека тоа се поединечни случаи, сепак предупредуваат дека бројот на заболени од мали сипаници за така кратко време може да е најава за нова епидемија и не се исклучува можноста да ни се повторат ситуациите од пред четири – пет години кога имаше цели општини каде беа прогласени епидемии од ова заразно заболување. Посебно што секоја година со вакцинацијата не се опфаќаат сите родени деца, кои се потенцијален извор за ширење на инфекцијата. А уште повеќе што во последно време како преку социјалните мрежи, така и во јавноста се водат разни антивакцинални кампања.

Тоа што се јавуваат болни од мали сипаници и на поголема возраст, се случаи кои имале примено само една доза од вакцината, бидејќи втората доза или ревакцинацијата е воведена од 1987 година, па не биле опфатени со ревакцинацијата или поради некоја друга причина не се јавиле за ревакцина. А, зошто од малите сипаници се’ уште се разболуваат луѓе, иако има МРП вакцина против оваа болест, д-р Кузмановска вели дека проблемот е и во тоа што во државата се уште има невакцинирани деца.

„Ако не ги вакцинираат децата, болестите ќе ни се вратат како бумеранг.

Овие повремени епидемии покажуваат што може да се случи ако се изостави редовното вакцинирање. Епидемии на мали сипаници, на пример, се’ уште има во Франција и Италија каде што вакцината не е редовна обврска. Кај нас оваа вакцина е задолжителна, но некои прават обиди да се руши тој систем кој функционира добро “, вели докторката.

Во врска со зачестената појава на заушки д-р Кузмановска објаснува дека причината за тоа е што стручњаците преку научни студии увиделе дека вакцината која е намената за мали сипаници, рубелола и заушки нема иста ефиканост за сите три болести.

Од пред две години вакцините кај нас немаат алуминиум

Монодозните вакцини за МРП кои кај нас се употребуваат од пред две години, не содржат алуминиум, тврди д-р Кузмановска. „Порано овие вакцини беа поливалетни, и од едно шишенце се боцкаа повеќе деца. Заради стабилноста на вакцините и намалување на ризикот од загадување во вакцините имаше додатоци стабилизатори на вакцината, а меѓу нив и алуминиум. Но, и со нив кај нас немаше некои поголеми реакции од оние кои се опишани во упатствата за вакцините црвенило, чешање, покачената телесна темепратура, вознемиреност“, објаснува д-р Кузмановска.

Utrinski Vesnik

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top