Free songs
Home / нови лекови / Се испитува природен коктел против рак на дојка

Се испитува природен коктел против рак на дојка

Тим истражувачи велат дека соединение од растителни материи може да убие клетки на рак на дојка.

509447-rak-dojke-1-300x191Истражувачите на Државниот универзитет на Луизијана известуваат дека коктел од соединенија најдени природно во растенија ги убиле сите клетки на рак на дојка во нивната студија, без токсични странични појави по нормалните клетки.

Тимот на универзитетот тестирал пет познати хемиски материи од куркума (турмерик), сојини зрна, броколи, грозје и чај. Поединечно тие не биле ефикасни против ракот. Но комбинирани, тие го прекинале растот на клетките на рак на дојка во лабораторијата за повеќе од 80 проценти и со време предизцикале процес што довел до смрт на клетките.

Следниот чекор е да се види дали соединението може да спречи тумор и негов растеж кај глувци.

Д-р Мадхва Раџ, кој ја водел студијата објавена во Журнал за рак, наведува дека сите  елементи на соединението дошле од храна што луѓе ја јадат секој ден, но со многу поголем степен отколку што тие можат да внесат со исхраната. Бидејќи тој верува дека ова на жените денеска може да им помогне, тој основал компанија  супер-коктелот да го рекламира како хранлива материја за здравје на дојките, што не бара одобрение од Администрацијата за храна и лекови.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top