Free songs
Home / аларм / Сам се лекувал со црна маст – си направил црна дупка на слепочницата (Вознемирувачко Фото)

Сам се лекувал со црна маст – си направил црна дупка на слепочницата (Вознемирувачко Фото)

Човек со рана на главата побарал лекарска помош во Австралија. На слепоочницата буквално имал црна дупка, која настанала бидејќи користел т.н. “црна маст”, која во многу земји е забранета и жестоко критикувана.

crna-mast-dupkaЧетири месеци Австралијанецот (55) употребувал алтернативна медицина во облик на црна маст со цел да ги излекува лезиите на кожата предизвикани од рак на кожа. Болките кои ги имал ги лекувал со апчиња за болка и мислел дека мора да продолжи да биде упорен, се додека не му се направила дупка на главата

Во болницата во Бризбејн влегол со 2,5 сантиметри голема црна дупка на слепоочницата, во септември во 2013-та година, но австралиското медицинско списание Medical Journal Of Australia ја објавило статијата за неговиот случај неодамна.

Таа маст во себе ја содржи билката крвав корен (Sanguinarina canadensis) кој обично се меша со цинк хлорид и двете во комбинација имаат корозивно дејствоОваа маст се употребува за лекување на младежи и лузни, а понекогаш и рак на кожата, делува на тој начин што го уништува кожното ткиво оставајќи црн белег кој подоцна отпаѓа сам од себе.

Во 90-тите години на 20-тиот век црната маст била многу популарна во третманот на кожните лезии, но во 2004-та година американската ФДА ја прогласила за лажен лек за рак кој мора да се забрани. И покрај предупредувањата дека не постои научен доказ дека оваа маст успешно лекува рак на кожа, нејзината употреба во Австралија е широко распространета.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top