Free songs
Home / аларм / РОДИТЕЛИ: Оваа грешка сигурно ја правите, а може да биде кобна за вашето дете

РОДИТЕЛИ: Оваа грешка сигурно ја правите, а може да биде кобна за вашето дете

Кога детето ќе го врзете со сигурносен ремен во автомобилот, тоа го правите за да го заштитите доколку дојде до непредвидени околности, односно до изненадено кочење или судир. Но, дали знаевте дека во зимскиот и студениот период, кога детето носи јакна, ова може да биде многу опасна работа?

dete kola 22Според истражувањата и тестовите направени со кукли откриено е дека детските зимски јакни спречуваат затегнување на сигурносниот појас колку што би требало да биде, а тоа може да доведе до фатални последици.

Затоа стручните лица препорачуваат во автомобилот да вклучите греење, а на детето да му го соблечете зимската јакна пред да го ставите во седиштето и пред да го врзете појасот, бидејќи само така нема да излета од седиштето. Можете детето да го покриете со јакната, но задолжително соблечете му ја! Многу е важно појасот во пределот на рамениците да не може да се оддели од телото на детето, а тоа значи дека е врзано убаво.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top