Free songs
Home / аларм / Родители отворете очи: Ова се сите опасности од носењето претежок ранец

Родители отворете очи: Ова се сите опасности од носењето претежок ранец

Американската асоцијација на ортопедски хирурзи препорачува дека тежината на ранецот не би требало да биде поголема од 10 до 15% од тежната на детето, но тоа не е секогаш така.

Многу често децата кои не го носат ранецот правилно, можат да се повредат, односно може да настане повреда на мускулите и зглобовите, како и да се појават сериозни болку во грбот, вратот и рамениците.

ranec-dete2Многу е лесно да познаете кога ранецот е претежок за детето: доколку испушта крик на болка кога го крева и остава ранецот, ако има црвени траги на рамениците или ако се жали на вкочанетост во рацете или прстите.

Еве каква штета може да предизвика претешкиот ранец:

Болка во вратот и горниот дел од грбот

Тешкиот ранец може да доведе до тоа детето да се наведува нанапред, што доведува до неправилно држење на вратот и создава болка во вратот и рамениците, отежнувајќи им на мускулите и лигаментите да го држат телото исправено.

Раменици

Рамениците не се предвидени на нив да се носи товар, а тешкиот ранец, мускулите и зглобовите се згрчуваат и тоа создава напор поради кој се менува и биомеханиката.

Колкови

Може да дојде до болка во колковите ако детето се наведнува нанапред за да ја компензира тежината на ранецот, кој го влече наназад.

Долниот дел од грбот

Промената на држењето на телото нанапред може да предизвика болки во долниот дел од грбот.

Болки во колената

Можна е и болка во колената поради промената на начинот на одење и држењето, што е предизвикано од тежината на ранецот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top