Free songs
Home / природен лек / Револуционерно: Оваа билка убива 98 % од ракот за само 16 часа (Видео)

Револуционерно: Оваа билка убива 98 % од ракот за само 16 часа (Видео)

Со оглед на тоа што е една од најсмртоносните болести, научниците постојано се трудат да изнајдат препарати кои што конечно ќе и стават крај на оваа болест, а еден од нив е и оваа билка која за само 16 часа може да убие дури 98% од клетките на ракот.

bilka--630x536Имено, според истражувањата кои што биле објавени во “Life Science”, артемисининот, дериват од билката “Sweet wormwood” или “Artemisia Annua”, што во буквален превод од англиски би значело “сладок пелин”, бил користен и во кинеската медицина и истиот може да убие 98% од клетките на ракот на градите за помалку од 16 часа.

Доколку се користи само билката, истата предизвикува 28 процентно намалување на клетките на ракот на градите, но во комбинација со железо, “Artemisia Annua” успешно го “брише” ракот речиси во целост, додека пак кај здравите клетки на градите не биле забележани влијанија на оваа билка при спроведениот експеримент.

Артемисининот во минатото бил користен како моќно антималариско средство, но сега е докажано дека овој лек е ефикасен и против ракот. Кога при спроведување на студијата било додадено и железото, кое што често се таложи во ткивото на градите, особено во клетките заразени со рак, артемисининот селективно ги напаѓал “лошите” клетки, додека “добрите” клетки ги оставал недопрени.

J“Гледајќи сумирано, нашите резултати докажуваат дека артемисининовото спречување на “E2F1″ транскриптивниот фактор посредува во уништувањето на клеточниот круг на клетките на ракот на градите и претставува критичен транскрипциски пат преку кој артемисининот го контролира растот на репродуктивните клетки на ракот”, било наведено во заклучокот на истражувањата спроведени во лабораториите за рак на Универзитетот во Калифорнија.

Железото се таложи во канцерогените клетки со посебни рецептори кои што помагаат при делењето на клетките. Нормалните клетки веројатно исто така ги имаат овие рецептори, но канцерогените клетки истите ги имаат во поголеми количини и според тоа може да бидат целна комбинација на железото и артемисининот.

Досега биле спроведени бројни експерименти кои докажуваат дека артемисининот може ефикасно да ја отстрани болеста во присуство на железото, а овој екстракт во Кина бил користен илјадници години, како лек против маларијата.

Паразитот на маларијата не може да живее во присутност на артемисининот затоа што изобилува со железо, а био-инженерите Хенри Лаи и Нарендра Синг од Универзитетот во Вашингтон биле научниците кои што први го откриле ова.

kineskabiljkaВо рамките на нивното истражување било докажано дека канцерогените клетки доживуваат апоптоза или сопствено уништување, а досега овој екстракт било тешко да се набави по поповолни цени, но со зголемениот интерес за оваа билка, и цената би можела да стане поприфатлива.

Францускиот производител на лекови “Sanofi” соопштил дека очекува производство од 50 до 60 тони артемисинин секоја година, надевајќи се дека тоа ќе ја задоволи побарувачката на светскиот пазар.

Целото истражување можете да го прочитате на следниот ЛИНК 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top