Free songs
Home / нови лекови / Револуционерно откритие: Пејсмејкер без батерии!

Револуционерно откритие: Пејсмејкер без батерии!

Швајцарските инженери, познати по изработка на најпрецизни часовници, ќе помогнат во кардиологијата со изработка на прототип на срцев електростимулатор или пејсмејкер, кој нема да работи на батерии, туку ќе користи технологија на рачен часовник кој се навива сам.

PEJSMEJKERЕлектростимулаторите, кои помагаат во постигнување на потребниот срцев ритам, се спас за многу луѓе со срцеви болести, но батериите ја ограничуваат работата на срцето бидејќи за нивна работа потребна е хируршка интервенција, пишува WallStreet OTC

Адриан Зурбучен од Универзитетот во Берн сака да направи уред кој се темели на автоматски механички џебен часовник, кој во 1777-та година го измислил Швајцарецот Абрахам Луј Перелет.

Пејсмејкерот би требало да произведува струја користејќи ги движењата на срцевиот мускул, а за тоа да биде возможно, истиот ќе биде прицврстен за срцето.

Засега тестирањата биле направени на свињи, известил во неделата Зурбучен на собирот на групата “Европско кардиолошко друштво”, во Барселона.

“Покажавме дека е можно да го наместиме срцевиот ритам користејќи ја само силата на срцевите отчукувања”, изјавил Зурбучен.

Истражувањата се во почетна фаза и засега не се знае кога ќе започнат тестирањата на луѓе.

Tocka.com.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top