Free songs
Home / нови лекови / Револуционерен лек што го отстранува подбрадокот за само три дена

Револуционерен лек што го отстранува подбрадокот за само три дена

Направен е нов лек кој го елиминира подбрадокот за само два до три дена, без операција.

Лекот е наречен ATX-101 и чека одобрување од страна на Американската агенција за храна и лекови.

podbradokД-р. Сузан Вајнкл вели дека лекот целосно ја елиминира потребата од козметичка операција. Како што објаснува таа, потребни се само 5 минути за да се инјектира потребната доза во областа под брадата, а процесот е толку едноставен што пациентите не мораат да носат ни завој, дури ни непосредно по самата интервенција.

Лекот делува така што ја уништува мембраната на масните клетки во областа под брадата, предизвикувајќи ги да се распрснат.

Се разбира, постојат и контраиндикации, како отоци, модринки или намалување на чувството. Сепак, докторите ги опишуваат како „краткотрајни и благи“.

„Вратот е критичен во формирањето на долната половина од лицето и во креирањето на нашиот профил. Со стареењето или со зголемувањето на тежината, промените во вратот можат да имаат силен ефект врз нашата самодоверба и самопочит“, вели Д-р. Дерек Џоунс за Dermatology Times.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top