Free songs
Home / нови лекови / Развиен бубрег од матични клетки

Развиен бубрег од матични клетки

Австралиските научници први во светот успеале да развијат бубрег од матични клетки и на тој начин да направат голем чекор то во иднина би можел да ја намали огромната побарувачка за органи за трансплантација.

bubregОвој многу важен потфат на австралиските научници, се смета за сензационален подвиг, бидејќи би можел целосно да го укине чекањето на листата за трансплантација на органи и да послужи за подобро тестирање на лекови што ги користат пациентите со некои бубрежни заболувања.

Успехот на австралиските научници е опишан во журналот Nature Cell Biology, а резултат е на долгогодишното истражување и вклучува трансформација на човечки клетки од кожата во функционален „мини-бубрег”, со големина од неколку милиметри.

Научниците се надеваат дека со малку повеќе труд ќе успеат да ја зголемат големината на бубрегот кој настанал од матични клетки и се надеваат дека во период од три до пет години овие органи, направени од матични клетки, би можеле да се користат за обновување на оштетените бубрези во телото, за да се спречи развивање на болеста и на крајот да дојде до трансплантација на органи.

„Ова е првпат некој да успеал од матични клетки да оформи функционални единици на бубрегот, и тоа е навистина феноменално, наликува како сложување на лего коцки”, сликовито појасни Брендон Вејнрајт од Универзитетот Квинсленд.

kamen-vo-bubreg1385499481_thumb_medium490_0Тој додаде дека научниците ситематски испитувале кои гени се вклучуваат и исклучуваат при развојот на бубрегот, потоа манипулирале со клетките од кожа вметнувајќи ги во ембрионалните матични клетки кои биле во состојба да се „самоорганизираат” и формираат сложени човечки структури.

„Научниците поминаа години следејќи што се случува доколку по случаен избор „вклучувате и исклучувате” гени. Со таа манипулација можете овие матични клетки да ги натерате на патување – тие минуваат низ различни фази кои на крајот резултираат со спојување во мал функционален орган”, додаде Вејнрајт.

Ова откритие би можело значително да ги унапреди тестирањата на нови лекови против болестите на бубрегот, бидејќи човечките бубрези се подложни на оштетувања при таквите истражувања, па процесот на пронаоѓање на нови лекови е многу скап и долготраен.

Тоа, исто така, во иднина би можело да ја намали побарувачката за органи за трансплантација, било преку одгледување на органи за директна трансплантација од матичните ќелии или со уфрлање на „гроздови мали бубрези”„ кои би ги обновувале бубрежните функции на пациентот”, сметаат научниците.

Но, како и кај секое големо научно откритие, велат дека ќе бидат потребни дополнителни сериозни тестирања и дека широката примена на бубрези одгледани од матични клетки во лекувањето можеби е дури со децении далеку.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top